Забава
Годишно нови 750 заболени од рак на дојка
Околу 750 нови случаи на заболени од рак на дојка се регистрираат годишно во земјава.
Околу 750 нови случаи на заболени од рак на дојка се регистрираат годишно во земјава.Ова беше истакнато на денешната трибина Октомври- месец на борба против ракот на дојка, што ја организираше невладината организација „Животна искра“.Бројката е алармантна, бидејќи до пред десетина години, бројот на жените со дијагностициран карцином на дојката во земјава изнесувал стотина.„Појавата на канцер на дојката во Македонија е околу 61 случаи на 100 000 жители годишно, додека морталитетот е околу 25 случаи на 100 000“, информираше Министерот за здравство Бујар Османи.Преголемиот број на случаи на заболени, според Османи се должи на ненавременото јавување на доктор и како последица на тоа-касното дијагностицирање на болеста.Сепак според Османи, Македонија може да се пофали како лидер во регионот во однос на направените ехо и мамографски прегледи, кои само во изминатите три години ги направиле над 40 000 жени.„Во 2010 година Министерството за здравство ќе воведе скрининг на рак на дојка во повеќе градови во Македонија, а во 2011-та се очекува скринингот да се прави на целата територија на Македонија“, најави Османи.Како проблем во справувањето со болеста, професорката од Клиниката за онкологија и радиотерапија д-р Снежана Смичкоска, го истакна неревидираниот список на цитостатици од позитивната листа.Ова пак според Смичкоска се должи на малата активност на стручната фела во презентирањето на современите лекови. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,