Надворешна политика
Попоски: Интеграцијата меѓу балканските земји треба да оди „рака под рака“ со интеграцијата во ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/poposki20drac.jpg)
Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на Министерска конференција на Западен Балкан, која се оддржа во Драч, а на која министрите за надворешни работи од шест балкански земји и Чешка, како претседавач на Вишеградската група, со комесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, разговараа за Париската конференција која треба да се оддржи на 4-ти јули оваа година.
Фокусот беше ставена на статусот на проектите за регионална поврзаност од претходна Виенска конференција во 2015 година, како дел од Берлинскиот процес за највисока политичка поддршка на идно членсто на балканските земји во ЕУ. Донесени се заклучоци за основање на младинската регионална канцеларија и проекти за мобилност на студенти и вработени во државните администрации помеѓу земјите од регионот.
„Треба да се интегрираме како регион меѓу нас, паралелно со интегрирањето во ЕУ. Изградбата на подобри патишта и енергетски врски мора да е проследено и со полесно водење бизнис низ соседството и патување без рампи во регионот. Не треба да се има илузии дека ЕУ ќе може да биде дарежлива за финансирање на инфраструктурата во нашите земји во иста мерка како што беше тоа случај во другите земји кои веќе ѝ се приклучија на Унијата. Треба да сме реални дека тоа е минато. Денес имаме можност сами да работиме на интеграција меѓу нас кои сме на патот кон ЕУ и оние земји од регионот кои веќе се членки на ЕУ. Се сведува на конкретни работи низ кои треба да го гледаме идното членство во ЕУ“, посочи министерот Попоски.
Попоски на маргините на конференцијата оствари средба и со еврокомесарот Јоханес Хан, на која заклучија дека избори на 5-ти јуни се најдобар пат за Македонија да ја врати агендата и почне со преговори за членство.
Билатерални средби беа остварени и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, државниот секретар за европски прашања на Франција, Арлем Дезир, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, подсекретарот во италијанското министерство за надворешни работи Винченцо Амендола и со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.