Контакт

Култура

Танцовиот перформанс „Акорди“ повторно пред прилепската публика

Објавено пред

На сцената на НТ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во петок, 8 јануари (20 часот), повторно ќе биде изведен современиот танцов перформанс „Акорди“ на кореографот Кире Миладиноски

dobivaj vesti na viber

Премиерата на „Акорди“ се случи во рамки на Прилепското културно лето 2009. Станува збор за копродукциски проект на танцовото студио „Зодијак“, ЦК „Марко Цепенков“ и програмата „DanceWEB“ од Виена, Австрија. Идејата за овој проект била разработена во Виена, во рамки на европската програма за современ танц, а Миладиноски оваа година беше стипендист со поддршка на Европската културна формација „Step beyond“.„Комуникацијата преку технологијата е камен-темелник на овој проект. Ова е студија за тоа како составните делови на информацијата поминуваат од едно тело-објект кон друго, за потоа да се трансформираат во звук и обратно. Водечката импровизација е примарна истражувачка алатка во овој перформанс. Како резултат на тоа, движењата на телото и ритамот создаваат директен и непретенциозен дијалог помеѓу учесниците трансформери“, објаснува Миладиноски. Кореографијата и целокупниот дизајн се на Кире Миладиноски, визуелно обликување е на Марија Трајкоска, а играат членовите на „Зодијак“: Елена Ристеска, Наталија Трајкоска, Филип Шаркоски, Љупчо Атанасоски, Ирена Тодороска и Маја Атанасоска. Кире Миладиноски (1983) живее и работи во Прилеп. Во 1998 година го формира студиото „Зодијак“ каде се истражуваат новите форми во танцот и се обучуваат млади кадри. Од 2003 година е член на „Локомотива танц ателје“ и преку голем број на работилници и семинари имал можност да соработува со врни имиња од областа на современиот танц, како Тимоти Ј. Голиер, Алис Кастиљо, Жоел Боргес, Ѓерги Превази, Томас Гуги, Шивон Дејвис и други. Негови позначајни дела се „Process-in-infinity-progress“, „Повторно раѓање – танцот на боговите“, „Визијата на сликарот“, „Мала ноќна игра“ и „Traveling – Sionski Priorium“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Објавено пред

Од

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.

dobivaj vesti na viber

На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.

Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје

Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис

Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

Објавено пред

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.

dobivaj vesti na viber

„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.

Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.

Прикажи повеќе...

Култура

СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Објавено пред

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.

Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?

И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?

Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.

Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?

Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ15 часа

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...

Македонија18 часа

Од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина по новиот автопат од Тетово до Гостивар, ама за две години

За две години ќе биде готов новиот автопат од Тетово до Гостивар, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...

Топ19 часа

Обид за убиство и насилство во кочанското село Тркање

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство  во обид...

Регион20 часа

Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето...

Регион21 час

Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат...

Македонија22 часа

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија1 ден

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион1 ден

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион1 ден

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет2 дена

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија2 дена

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет2 дена

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион2 дена

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија2 дена

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија2 дена

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија2 дена

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија2 дена

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет2 дена

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија2 дена

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...