Македонија
Пoплавен паркинг, штали, куќи во Куманово
Како резултат од невремето од ноќта кон средата, поплавен е дел од паркинг со возила и пешачки патеки кои служат за пристап до станбените објекти, поплавена е фарма и куќи во Куманово поради излевање на Липковска Река.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека засега не може да се дејствува во фармата, бидејќи нејзиниот сопственик е недостапен. Липковска Река се излеала и во населбата Средорек, каде што се поплавени две куќи.Којнарска Река е излеана и поплавени се 15 куќи на улицата „Никола Тесла3, потоа кај селото Долно Којнаре, при што поплавени се земјоделски површини.Кумановска Река е излеана кај селото Доброшане каде е поплавена една куќа. Кај селото Лопате – Ропаљски Дол, се излеала реката Луга при што се попалавени две штали и трактор.„Подрачното одделение на ДЗС Куманово е на терен и досега се дадени преку 1.000 вреќи за песок кои ќе бидат употребени за изградба на одбранбени насипи кај Средорек, локалитет Водовод и на сите места на кое ќе биде неопходно. Екипи на ДЗС и ЈП Водовод Куманово се на терен ја следат состојбата, донесен е песок и една машина која ќе биде употребена за санирање на оние места каде е неопходно“, се додава во инфроамцијата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа–Солстром: Шведска, клучен партнер во еколошките реформи
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата.
Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската унија и Швајцарија.
На средбата беа презентирани тековните и планираните заеднички проекти, со посебен акцент на управувањето со отпад, зајакнувањето на институционалните капацитети за Поглавје 27 и активностите за подобрување на квалитетот на воздухот.
Посебно внимание беше посветено на регионалните и националните иницијативи за справување со загадувањето на воздухот, вклучително и проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој се реализира со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и УНДП.
Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за продолжување и продлабочување на соработката со Кралството Шведска, во насока на заштита на животната средина и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија.
Македонија
Државните патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
AМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година, потсетуваат од АМСМ.
ФРЕИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре делови од Општина Гази Баба без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализацијa известуваaт дека утре ( четврток ) поради промена на шибер Ф-80мм на ул.Јани Лукровски бб и пред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Јани Лукровски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.(општина Гази Баба)

