Надворешна политика
Грабар Китаровиќ и Пахор ќе ја информираат ЕУ за состојбите во Македонија
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор, ќе поднесат извештај до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и другите функционери кои учествуваат во Процесот Брдо – Бриони, до автрискиот претседател Хајнц Фишер и до потпретседателот на САД, Џо Бајден, за состојбите во Македонија, по нивната дводневна посета на земјава.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор, ќе поднесат извештај до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и другите функционери кои учествуваат во Процесот Брдо – Бриони, до автрискиот претседател Хајнц Фишер и до потпретседателот на САД, Џо Бајден, за состојбите во Македонија, по нивната дводневна посета на земјава.
Имено, Грабар Китаровиќ и Пахор, беа во официјална посета на Македонија, во вторник и во среда, и се сретнаа со претседателот Ѓорге Иванов, веднаш по неговото обраќање до нацијата во кое објави дека ќе ги амнестира сите личности осомничени и осудени во скандалот со прислушувањето кои во 2015 година предизвика политичка криза, која се уште трае. Тоа предизвика масовни протести на улиците на СКопје, а неколку часа по објавата демонтрантите ја гаѓаа канцеларијата на претседателот во центарот на градот со јајца и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон околу седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Водачот на опозицијата Зоран Заев го повика претседателот на државата да поднесе оставка, оценувајќи дека направил државен удар со откажување од истрагата, пренесува хрватсјата агенција Хина.Инаку, Грабар-Китаровиќ и Пахор, во среда заминаа во посета на прифатниот ценат „Винојуг“ на јужната македонска граница и каменот 59 на границата, но од безбедносни причини не беа пуштени на каменот 59, каде повеќе не се пропуштаат бегалците од Грција. Тие изразија поддршка за македонските евроинтеграции, како и за останатите држави од Југоисточна Европа врз основа на исполнување на критериумите.„Претседателот Пахор и јас сакаме да покренеме процес за евроатланско пристапување не само на Македонија туку и на државите во окружувањето на југоистокот на Европа врз основа на исполнување на критериумите“, рече Грабар – Китаровиќ.Се осврна и на развојот на настаните во Македонија и појасни дека и таа и Пахор ден порано разговарале со властите и со опозицијата и изрази желба за решавање на несогласувањата и непочитувањето на договорот од Пржино.„Сакам Македонија да ги реши тие несогласувања, договорот од Пржино да продолжи, да се почитува и да се има храброст да се исполнат некои политички одлуки“, вели Грабар-Китаровиќ.Зборувајќи за закажаните предвремени парламентарни избори во јуни, истакнувајќи дека се работи за исклучиво внатрешно прашање на Македонија, претседателката рече дека за демократските држави секогаш најдобро и најдемократско решение се изборите кога ќе се најдете во ситуација во која нема договор за тоа како напред.Таа и Пахор, како што рече, „поттикнуваат дијалог и ги охрабруваат сите во Македонија да продолжат со спроведување на реформите и надминување на препреките“, за подобрување на состојбите во земјата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.