Македонија
Со заеднички контакт центар побрзо ќе се решаваат спорните ситуации на границата со Косово
Македонските и косовските полицајци со отворањето на заедничкиот контакт центар на граничниот премин Долно Блаце побрзо ќе решаваат одредени спорни ситуации кои можат да се јават на граничните премини, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на денешното отворање на контакт центарот кој неколку месеци работеше пробно.
Според Јанкулоска, досегашната практика покажа дека овој центар дури и во пробниот период функционирал одлично, односно благодарение на размените на информации откриени се неколку кривични дела, разрешени се и неколку спорни ситуации.„Овој граничен премин е еден од пофреквентните, во текот на годината го поминуваат над два милиони патници, и оттука секое олеснување на процедурите секоја дополнителна активност која на полициските службеници ќе им го скрати времето на постапување е од корист и за нас како служби надлежни за спроведување на законот, за полициските службеници кои ги извршуваат своите задачи и се разбира најмногу за граѓаните кои преминуваат на овој премин“, изјави Јанкулоска.Таа се заблагодари на мисијата на ОБСЕ во Македонија која што даде своја помош во опремување на овој заеднички Контакт центар и придонесоа за негова целосна функционалност. Косовскиот министер Хисени го поздрави отворањето на заедничкиот Контакт центар потенцирајќи дека соработката на двете полиции е во нагорна линија и дека е заеднички интересот за нејзино интензивирање во наредниот период. За шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет денешниот настан претставува конкретен материјален успех во борбата против транснационалните закани меѓу двете земји, како и успешен пример за соработка и взаемна доверба. “Мисијата на ОБСЕ во Скопје целосно се посветува на давање поддршка на идните активности во центарот и на промовирање на најдобрите практики во регионот за соодветно справување со прашањето со транснационалните закани“, истакна амбасадорот Брет./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

