Контакт

Економија

Презентирани владините мерки за спречување на сивата економија

Објавено пред

Министерот за економија Ваљон Сараќини и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во четврток на прес конференција, ја информираа јавноста за владините мерки за спречување на сивата економија.

dobivaj vesti na viber

Овие мерки се содржани во Акциски план за намалување на сивата економија за 2013 година, на чијашто изработка претходеше анализа за големината, нејзината распространетост и дејностите каде истата најмногу е застапена.

Во Акцискиот план, за разлика од минатите години, утврдени се активностите за одделни институции, индикатори согласно кои се мери успешноста, роковите за реализација и потребни сретства.

Активностите се однесуваат на подобрување на законската регулатива, јакнење на свеста за придобивките од формалната работа, инспекциски надзори каде има сознанија дека постои сива економија, објавување на црни листи на фирми кои неправилно работат, откривање на даночни обврзници кои вршат нерегистрирана дејност, користење на фискалниот систем, соработка меѓу инспекторатите, зајакнување на контролата на царинската линија и бројни други активности.

“Неблагодарно би било да речеме дека се изборивме со ова зло, кое ја намалува ефикасноста на економската политика на државно ниво, но можеме да се пофалиме со нејзино намалување во заеднички интерес на граѓаните на Македонија, и тоа речиси на половина од последното официјално мерење. Затоа и продолжуваме со активностите за нејзино намалување со Акцискиот план за 2013 година, преку спроведување на засилен инспекциски надзор во областите каде истата е најприсутна”, истакна министерот Ваљон Сараќини.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски посочи дека борбата на министерството за намалување на сивата економија ќе се насочи кон непријавените работници и нелегалните бизниси преку засилени контроли на Државниот инспекторат за труд со цел да се сведеме бројката на лица вработени на црно на минимум.

“Како што знаете, бројката на затенкати непријавени работници за период од 4 години е дури четирикратно намалена”, потсети Ристовски и додаде дека ако во 2009 година беа затекнати 3.274 непријавени работници, во 2012 беа затекнати 829 непријавени работници и при тоа се носеа решенија со коишто на работодавачите им се наложува да засноваат работни односи на неопределно време со затечените пријавени работници, како и да им се исплатат три просечни бруто плати. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Божиновска на „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси.

dobivaj vesti na viber

Хидроелектраната „Козјак“, која е дел од производниот систем на АД „ЕСМ“, располага со инсталирана моќност од 80 мегавати и служи како еден од клучните столбови за производство на електрична енергија од обновливи извори, но и како заштита од поплави на сливот на реката Треска.

„Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, затекната беше исклучително тешка хидролошка состојба. Нивото на водостојот во акумулациите беше под алармантни 4%, што сериозно ја загрозуваше енергетската стабилност на државата. Но, преку одговорно и домаќинско менаџирање, координација со институциите и стратешко планирање на производството, денес состојбата е значително подобрена. Последните податоци покажуваат дека водостојот во акумулациите надминува 50% – јасен показател дека системот се стабилизира“, рече Божиновска.

Министерката истакна дека „Козјак“ претставува значаен дел од енергетскиот систем кој има повеќекратна функција.

„ХЕ ’Козјак‘ е пример за одржлива инвестиција – произведува чиста енергија, штити од поплави и позитивно влијае на локалната микроклима. Овој капацитет ја покажува вредноста на стратешкото планирање во енергетиката“ изјави министерката Божиновска.

За време на посетата, министерката беше информирана од страна на раководството на ХЕ „Козјак“ и претставниците на АД „ЕСМ“, дека објектот се одржува согласно највисоките безбедносни и еколошки стандарди, со редовен мониторинг на состојбата на браната, нивото и квалитетот на водата, како и биодиверзитетот во езерото.

Министерството за енергетика најавува дека во следниот период ќе се работи на подготовка на студии за можни подобрувања: зголемување на капацитетот, подобрена автоматизација и воведување на нови технологии за управување со резервите на вода.

„Ќе продолжиме со инвестиции во модернизација на постојните капацитети и во развој на нови проекти од хидроенергетиката. Нашата цел е јасна: стабилен, чист и независен енергетски систем“ нагласи министерката Божиновска.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскап дизел

Објавено пред

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

dobivaj vesti na viber

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Време е за паметен потег со решенија за штедење што носат резултати

Објавено пред

Во време на брзи промени, економски предизвици и зголемена потреба за финансиска стабилност, сè повеќе граѓани ги практикуваат навиките за штедење. Штедењето денес не значи само чување средства на страна, тоа е стратегија и начин да се обезбеди сигурност за подобро утре.

dobivaj vesti na viber

Халкбанк, како банка која со години вложува во довербата на граѓаните, нуди штедни производи кои ги следат различните животни ситуации и потреби – од флексибилни решенија за оние кои сакаат слобода, до стабилни депозити за оние кои имаат долгорочни планови.

Пет различни модели на штедење со една заедничка цел: финансиска сигурност

Онлајн депозит – за дигиталните штедачи

Овој производ е идеален за сите кои сакаат брзина, ефикасност и потполна контрола од дома. Онлајн депозитот може да се отвори преку електронското банкарство на Халкбанк, без посета на филијала. Со минимален влог од само 3.000 денари, добивате можност за фиксна каматна стапка и можност за избор на рок на орочување (од 3 до 36 месеци). Каматата се пресметува на крајот од рокот, а сè е целосно безбедно со електронски потпис. Овој депозит штеди за вас – додека вие се посветувате на тековните приоритети.

Флекси депозит – за оние што сакаат слобода и флексибилност

Флекси депозитот е наменет за штедачи кои сакаат да дополнат или повлечат средства во текот на периодот на орочување, без да ја изгубат целосно каматата. Со минимален влог од 60.000 денари, овој депозит ви овозможува повеќекратни дополнувања и исплати, преку шалтер или преку електронското банкарство. Рокот е 13 месеци, додека пак каматната стапка е фиксна. Ова е совршено решение за оние кои сакаат штедење со флексибилност и контрола.

Мој депозит – за редовни приматели на плата или пензија

Овој депозит е креиран специјално за клиенти со редовни месечни примања (плата, пензија или други приходи) кои се насочени кон штедење и имаат потреба од дополнителна сигурност и поволни услови. Минималниот износ е 3.000 денари, а можете да изберете рок од 13 или 25 месеци. Каматата се исплаќа на крај или месечно. Дополнителна вредност е можноста за уплата на нови средства до истекот на рокот, што го прави овој производ идеален за континуирано штедење без компликации.

Е-касичка – дигитална навика за секојдневно штедење

Сакате да штедите „неприметно“, без голем напор? Со е-касичката, секоја ваша трансакција со платежните картички на Халкбанк може автоматски да се претвори во заштеда. Овој производ работи така што со секое направено купување, автоматски се издвојува мал износ во е-касичката. Каматната стапка е 1%, минималниот влог е само 100 денари, а рокот е 12 месеци. Совршено решение за оние кои сакаат да создадат навика за штедење без да го почувствуваат тоа.

Детски депозит – за иднината на најмалите

Детското штедење никогаш не било полесно. Со дизајнирана детска штедна сметка и подарок од Халки, овој депозит нуди фиксна каматна стапка, орочување до 60 месеци и можност за дополнителни уплати. Минималниот влог е само 1.000 денари. По полнолетството на детето, средствата автоматски се префрлаат на новата сметка. Ова е одличен начин да изградите финансиска навика и сигурна иднина за вашето дете.

Без разлика дали сакате целосна контрола, флексибилност или сигурност за вашето семејство – секој чекор кон штедење е чекор кон посигурна иднина. Производите на Халкбанк ви овозможуваат да штедите заедно со постојана поддршка. Затоа што вистинската вредност на парите не е само во тоа колку ги имате, туку како ги насочувате. А кога штедите паметно – живеете послободно.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата...

Македонија2 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку пет жртви во руски напад врз Киев, луѓето се кријат во метро станици, нападнати станбени објекти

Пет лица загинаа во синоќешните напади на Русија врз Киев со беспилотни летала и ракети. Повредени се десетици луѓе, а...

Свет5 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија5 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија5 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ20 часа

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет21 час

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија23 часа

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија1 ден

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ1 ден

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија1 ден

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет1 ден

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија2 дена

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ2 дена

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија2 дена

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија2 дена

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија2 дена

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...