Економија
Сметководителите ги добија првите уверенија
Првите уверенија за сметководители, во сабота беа доделени од министерот за финансии и вицеремиер , Зоран Ставрески.
Со уверенијата ќе се воспостави ред во професијата и ќе се добие потврда на сметководителите за нивната стручност и компетентноста во вршењето на својата професија.
Со новиот закон привилегиите ќе ги уживаат околу 6 000 сметководители, а издавањето уверенија е пропишано со новиот Закон за вршење смеководствени работи, донесен во јули годинава како една од мерките на Владата.
„До донесувањето на Законот речиси секој во државата можеше да биде сметководител, што придонесуваше за девалвација на професијата сметководител и појава на нелојална конкуренција на пазарот“, рече Ставрески.
Според сметководителите, добро е што се донесе ваков Закон, кој ќе воведе ред во професијата.
„Со донесување на овој закон конечно се уредува оваа професија која претставува важна алка во целиот стопански систем. Се овозможува натамошно уредување, едуцирање, развој на струката. Се регулира прашањето на сметководителите, неговиот статус, местото и улогата во општеството“, рече Митре Стојановски претставник од Сојузот на сметководители на Македонија.
Од донесување на Законот до Министерството за финансии се поднесени 470 барања за издавање уверенија.
Досега се завршени 259 уверенија, а уште 211 се во фаза на обработка. Привремените уверенија се со важност од две години. Крајниот рок за поднесување барања е 3 февруари 2013 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,862%, кај дизелот за 3,455%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,704% и кај мазутот намалувањето е за 0,210%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0056%.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод
Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.
„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.
Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.
Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.
Економија
(Фото) Грин Машинс на БРАКО ќе ги чисти Бермудите
Машините за чистење Грин Машинс на БРАКО станаа дел од флотата за одржување урбана хигиена на тропската држава Бермуди.
Од компанијата велат дека клиентот од Бермудите го избрал моделот 414 rs на Грин Машинс, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.
„Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација“, велат од БРАКО.