Контакт

Македонија

Директорите на ЈЗУ три часа во неделата ќе примаат незадоволни пациенти

Објавено пред

Директорите и главните сестри во сите здравствени установи во Македонија три часа во неделата ќе примаат незадоволни пациенти, односно ќе примаат поплаки, предлози и сугестии за организацијата и функционирањето на здравствената установа.

dobivaj vesti na viber

Министерот за здравство, Никола Тодоров, во четвртокот изјави дека ваквата практика веќе функционира од почетокот на декември, а причината за оваа мерка било тоа што поголем број од поплаките доаѓале директно во Министерството за здравство, со образложение дека пациентите не можеле да ги пренесат на директорите на јавната здравствена установа.Секоја здравствена установа ќе има минимум по два термина во текот на неделата во траење од по три часа, од кои едниот термин е резервиран за директорот, а друг термин за главната сестра. „Директорите се затоа таму избрани за директори, за да бидат оние коишто ќе го градат ткн пациентцентричниот систем и кои ќе бидат секогаш таму кога е потребно тоа за пациентите, да се изрази револт, поплака, сугестија…,  за да може потоа да преземат соодветни мерки да се подобри организацијата на функционирањето, да се коригира функционирањето на оние кои отстапуваат од правилата на хоспиталната култура“, рече  Тодоров.Со најновите измени на Законот за здравствена заштита, како што изјави Тодоров, кои се веќе во процедура, се предвидува законска обврска на установата соодветно да постапат по претставките на пациентите, односно се предвидува доколку има некоја поплака, директорот задолжително да го повика пациентот и докторот или здравствениот работник против кого е поднесена поплаката и во една непосредна комуникација да утврди дали има вина или дали се пречекорени овластувањата на вработениот во установата. Доколку се утврди дека се пречекорени, треба да се поведе постапка, појасни министерот за здравство.Точните термини кога пациентите ќе можат да ги кажат своите поплаки ќе бидат јавно објавени на веб страницата на министерството за здравство и на видно место во Установите./крај/мф/ффс

Македонија

(Видео) Манасиевски: РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на „Марковски компани“ од година претходно

Објавено пред

Од

РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на „Марковски компани“ од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДС го штитат газдата, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Имено, на 22 ноември 2022 година е склучен договор со Марковски компани, во вредност од 20 милиони евра. Само една година претходно, на 24 јуни 2021 година, за истата услуга се платени 13 милиони евра. Разликата е 7 милиони евра народни пари. Разликата во крајната сума не е единствениот проблем. Криминалот се случувал и внатре кога во комбинатот доаѓале камионите за мерење. При испораката на јаглен се користеле лажни фактури, истиот товар се наплаќал повеќепати, а депониите останувале празни. Ова не е грешка, ова е системски криминал. Аздисаноста на власта на СДС и желбата да се испумпаат милиони од РЕК и ЕСМ ги чини граѓаните стотици милиони евра кои очигледно завршиле надвор од Македонија, на фирми во Бугарија и Дубаи“, рече тој.

Заради ова, вели Манасиевски, судиите на СДС се борат газдата на Марковски да не заврши во притвор и да го спасат колку можат од страв дека ќе ги каже шемите и како и каде завршиле стотици милиони евра од тендерите кои неговата фирма ги добивала во РЕК и ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, пријава е поднесена против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик.

Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215, му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода.

Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.

Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Андоновска: Обвинителството да истражи дали дискотеката „Пулс“ ја платила казната од 40.000 евра и каква е улогата на Оливер Спасовски во тоа

Објавено пред

Од

Љупчо Коцевски и јавното обвинителство да истражат дали газдата на дискотеката „Пулс“ ја платил казната од 40.000 евра за која неговиот син во телефонска кореспонденција вели дека Оливер Спасовски како министер на МВР ќе ургира да не ја платат, бара Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Доколку дискотеката Пулс не ја платила казната, тогаш Оливер Спасовски под итно треба да биде повикан од ЈО и да се истражи целиот случај. Љупчо Коцевски и ЈО предолг период молчат и го држат случајот во магла. Одговорност мора да има за секој еден кој бил замешан во случајот со работењето на дискотеката Пулс, а не долг и неефективен процес кој ќе резултира со пародија на системот. Ако Љупчо Коцевски има за цел да ги заштити високите претставници на СДС како тогашна власт и да ја унакази правдата, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Секој поединечен сомнеж мора да биде истражен и обелоденет. Одговорност мора да има“, рече Андоновска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија1 час

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија2 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет2 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет3 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија4 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија4 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа5 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет5 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет6 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет6 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа6 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет6 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија7 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија7 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ19 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет21 час

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет22 часа

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...