Забава
Почнува вакцинацијата на населението за новиот грип

Вакцинацијата за новиот тип на грип за населението, при што приоритет ќе имаат ранливите групи како бремени жени и хронични болни, започнува в петок. Вакцинацијата против новиот грип во Македонија е бесплатна и ќе се врши во Центрите за јавно здравје ширум земјата
Вакцинацијата за новиот тип на грип за населението, при што приоритет ќе имаат ранливите групи како бремени жени и хронични болни, започнува в петок.Вакцинацијата против новиот грип во Македонија е бесплатна и ќе се врши во Центрите за јавно здравје ширум земјата, секој ден, во периодот од 8 до 20 часот за возрасни лица, како и во здравствените домови (во службите за вакцинација) за деца од шест месеци до 18 годишна возраст. Вакцините кои се употребуваат во Македонија се произведени од реномирани светски фармацевтски компании и се одобрени за употреба од страна на Агенциите за лекови на САД и ЕУ, информираат од Министерството за здравство.Почетокот на вакцинацијата симболично ќе го означи министерот за здравство, Бујар Османи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
За 3 хороскопски знаци, јули носи исполнување на најголемите желби: Вселената ќе ја насочи среќата кон нив

Три знаци во јули 2025 доживуваат пробив. Нивните желби влегуваат во фаза на остварување бидејќи претходно биле истрајни, работеле, се преиспитувале и верувале. Вселената сега им нуди платформа, ѕвездена сцена и небесен ветер во грб.
Во моментот кога годината е на својата половина, јули доаѓа како совршена точка за интроспекција и нов почеток. Планетарните аспекти, транзитите и лунарните движења создаваат уникатна астролошка слика, а во продолжение дознајте кои хороскопски знаци најсилно ја чувствуваат таа енергија.
Овен
Овните влегуваат во овој месец со чувство дека конечно се подготвени да го преземат она што им припаѓа. Со Нептун и Сатурн во нивниот знак, балансираат меѓу соништата и реалноста. Ретроградното движење на Сатурн од 13 јули најавува внатрешно преиспитување на одговорностите, но и зајакнување на темелите за идниот раст.
Марс, нивниот владетел, делува без ограничувања и внесува енергија во сите потфати. Околу полната месечина во Јарец на 10 јули, Овните може да дојдат до пресвртница во кариерата, можно признание, промена на работно место или јасност во тоа што ги исполнува.
Благодарение на Јупитер во Рак, куќата на семејството и домот носи експанзија. Тоа може да значи преселување, уредување на домот или поголем мир во семејните односи. Сонцето во Лав од 22 јули ја активира нивната петта куќа на креативност, деца и романтика.
Финансиски, сè се движи. Можно е да се појават понуди, бонуси или долгоочекувани договори. Овните кои вредно работеле сега ги жнеат резултатите. Со Венера во Рак кон крајот на месецот, личните вредности и сигурноста доаѓаат во фокус.
Близнаци
За Близнаците, ова е месец во кој нивната потреба да бидат слушнати, видени и признати го достигнува својот врв. Венера влегува во нивниот знак веќе на 4 јули, засилувајќи го личниот магнетизам и социјалната привлечност. Секој разговор, порака или идеја има потенцијал да отвори врата.
Влезот на Уран во нивниот знак дополнително го забрзува овој процес. Ова е историски астролошки момент кој ветува пресврти во кариерата, иновации и ослободување од ментални обрасци што ги попречувале. Близнаците кои се занимаваат со пишување, говорење, медиуми или дигитални сфери може да добијат неочекувани шанси.
Јупитер, планетата на среќата, која неодамна го напушти нивниот знак, остава „опашки на среќа“ – позитивни влијанија што сè уште се чувствуваат. Близнаците сега имаат можност да ги капитализираат контактите и идеите што се развивале изминатите месеци.
Полната месечина во Јарец ги осветлува нивните финансии, додека ретроградниот Сатурн ги тестира долгорочните планови. Време е да се запрашаат: Што навистина сакам на долг рок? А младата месечина на 24 јули им дава нова платформа за изразување и афирмација.
Водолија
За Водолиите, јули е месец на усогласување со нивната вистинска природа. Уран влегува во пријателскиот знак Близнаци на 7 јули, носејќи ерупција на идеи и неочекувани поместувања во проектите. Сè што досега било во фаза на концепт може да почне да добива форма.
Плутон во Водолија, поддржан од ретроградните налети на јули, помага во отфрлање на старите идентитети и прифаќање на моќта на автентичното „јас“. Водолиите се усогласуваат со колективните ритми, нивните визионерски цели добиваат поддршка, а лидерството природно се наметнува.
На љубовен план, Венера во Близнаци ја активира петтата куќа на забава, страст и романтика. Самците може да доживеат страсни средби, а оние во врска повторно да почувствуваат блискост. Уран носи изненадувања, а младата месечина во Лав отвора нова фаза во партнерските односи.
На општествено ниво, Водолиите може да очекуваат поголемо влијание: да водат група, да започнат колективен проект или да станат инспирација за заедницата. Сатурн им помага да ги структуираат идеите и да ја прифатат одговорноста за својот потенцијал.
Забава
Најмладата ќерка на Доналд Трамп го покажа својот син, реакциите се дека многу личи на дедо му

Тифани Трамп (31), најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, го доби своето прво дете со својот сопруг Мајкл Булос (27) на 15 мај оваа година. Сега ги објави првите фотографии од својот син на „Инстаграм“.
„Љубовта на нашиот живот, Александар Трамп Булос“, напиша таа во описот. Бројни следбеници ја контактираа и рекоа дека малиот Александар многу личи на својот дедо Доналд Трамп.
View this post on Instagram
„Тој е копија на твојот татко“, „Трамп има силни гени, сите негови деца личат на него“, „Ист дедо му“, продолжија коментарите.
Откако Тифани претходно се пофали со среќната вест на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија од стапалото на детето, се огласи и Трамп.
„Ќерка ми роди бебе. Одам дома да го видам тоа бебе“, рече тој потоа, додавајќи: „Таа е одлична и бебето е одлично.“
Доналд беше првиот што ја објави бременоста на Тифани.
View this post on Instagram
Пред две години, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот бинис вреден милијарди, Булос Ентерпрајзис, е роден во Либан, израснат во Нигерија и се преселил во САД откако ја запознал.
Двојката почнала да се забавува во 2018 година кога се запознала во клубот на Линдзи Лохан во Миконос, Грција. Тие се вериле во јануари 2021 година, на крајот од мандатот на нејзиниот татко како претседател. Булос ѝ предложил брак на тревникот на Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.