Контакт

Култура

Бистро, матно-чакрлија!

Објавено пред

Охридско лето 2009

dobivaj vesti na viber

Пишува: Влатко ГАЛЕВСКИНа една година пред “златниот јубилеј” на најпрестижниот и најдолговечен мултикултурен фестивал во Македонија, секако треба да погледнеме и наназад и нанапред, за да знаеме што сме направиле и што требит да напраиме за понатаму Од онаа далечна 1960 г. кога во историјата ќе биде забележано дека нашата уметница Ана Липша Тофовиќ и практично ги постави темелите на Охридско лето, во текот на пет децении во градот под Самоилови кули настапија илјадници уметници од целиот свет. Ако барем се повикам на сопственото сведоштво и помнење ќе ги спомнам: Давид Ојстрах, Андре Вотс, Алдо Чиколини, Андре Навара, Рави Шанкар… дузина атрактивни театарски претстави… ликовни претставувања… итн. Од поновите изданија секако ќе останат ако не запаметени, барем забележани, минатогодишното отворање со Хозе Карерас и годинашново со Енио Мориконе.Со веќе сериозната традиција на фестивал кој е на европската и светската мапа на значајни летни фестивали, Охридско лето со повремени осцилации главно го држи своето меѓународно реноме.Но, последниве 2-3 години се чини уметничкиот (сериозниот) рејтинг на фестивалот како полека да му отстапува место на туристичкиот (популарен) концепт. Последново издание тој концепт и особено беше нагласен, како со изборот концерт за отворањето (Мориконе), така и преку форсирање на оф-програмата. Настрана “лошата среќа” со дури три откажувања на театарски претстави, како и знакот прашалник за квалитетот на оние кои се одржаа. Да се надеваме дека преостанатите две недели ќе бидат на потребното уметничко рамниште за фестивалот.Континуираното следење главно на музичките настани годинава сепак создава слика на коректен, пристоен избор на програма и гости. Ако одиме хронолошки, тоа би изгледало вака за првата половина од фестивалот:Отворање Антички театар, Охрид. Влегување во 20 часот. Почетокот е најавен за 21. Проблеми со ненумерирани седишта, стани, премести се, па пак стани… Дами и господа со лесна гардероба, шлицеви, деколтеа, голи раменици, пак стани-седни. Заладува. Тројцата претседатели пристигнуваат на време, а сепак се доцни со почетокот 30 минути. Хорот и оркестарот се веќе на бината. Пред бината и наоколу римско-антички воини и воинки со факели. Тие се потопло облечени, со панцири и скуталиња. Го чекаме големиот (мал по раст) Мориконе… Следуваат нови 40 минути тривијални поздравни говори (Џорлев, Лилиќ) со напорен превод на англиски и непотребното предолго “отворање” на претседателот и покровител Ѓорге Иванов. Конечно, Енио Мориконе, аплауз силен, громогласен, искрен, за разлика од оној наменет на “отворачите”, млак и срамежлив. Маестро Мориконе нè удостои со неговото присуство. Концертот беше величествен, монументален и вонсериски музички настан во сосема соодветен амбиент. Доаѓањето на Мориконе во Македонија е мал подвиг на организаторите, но големите пропусти во протоколот и организацијата се мала утеха дури и за толерантна публика. Единствено што ним не може да им се припише како грев е тоа што тие никако не беа виновни за студеното време. Следуваа Просечната претстава Бура од Шекспир на театарот Константин Величков од Пазарџик, Бугарија, одиграна пред речиси празна сала.Донекаде спастрен Александар (за разлика од скопската премиера) на Љубиша Георгиевски.Со програма од Моцарт, Бетовен, Витали и Сен-Санс се претставија виолинистот Валериј Ојстрах (внук на спомнатиот Давид) од Русија и пијанистот Франческо Де Ѕан од Италија. За разлика од првиот дел кој беше на работ на здодевност, Витали и Сен-Санс прозвучија многу поатрактивно и се чини посоодветно во амбиентот на Св. Софија.За Еаст-Њест театарот од Сараево и останатите театарски претстави читајте во прилогот на колешката Лилјана Мазова во овој број на Форум.Иако најавувани како четворорачна атракција, со завидни референци во своите биографии, Шпанците Карлос Лама и Софија Кабрука како да не успеаја до крај да ја возбудат публиката во Св. Софија.Во куќата на Робевци беше отворена изложба со наслов Миг и Вечност на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов. Еден од ретките хиперреалисти на нашиве простори, Хаџи-Николов се претстави со дваесетина масла на платно специјално изработени за овој простор. Одлична посета, по голема жештина.Џорџ БенсонЗа волја на вистината, или во име на реномето кое го ужива Бенсон, веројатно и немаше место за какво и да е сомневање во квалитетот на концертот. Евентуалните скепси делумно беа во однос на организацијата на настанот, но за среќа (или за “браво”), сè беше тип-топ. Почетното загревање со џезирани блуз-балади прерасна во фина фанки атмосфера, за да кулминира на крајот со вистинска фанки-рок журка, кога преполната арена последниот половина час го ислуша стоејќи, поточно го одигра во слободна групна кореографија. Навистина ретко доживување. Просто неверојатно во живо да се слушне такво бравурозно свирење на гитара, толку “расфрлање” шарм и насмевки и толку беспрекорна вокална умешност… А за да биде така како што беше, “виновни” беа и членовите на бендот, од кои секој поединечно работеле со најголемите ѕвезди од светската естрада: Бритни Спирс, Кристина Агилера, Стиви Вондер, Барбара Стрејсенд…Вистински погодок направија сите оние кои специјално за овој концерт допатуваа од разни краишта на Македонија (па и однадвор), а вистинско промашување сите оние кои веќе беа во Охрид, а пропуштија да бидат дел од музичкиот настан на годината. Веројатно ова беше единствениот концерт во оф-програмата кој во потполност ги оправда очекувањата, барем во првиот дел од фестивалот.Потоа…КФЏ Орцхестра од Франција со озвучување на филмски слики. четворица млади парижани кои по принципот “Кулешов ефект” (оттаму и името на бендот) според рускиот филммејкер Лев Кулешов – “монтираат” во живо музика врз филмски слики од стари неми филмови. Срамежливо, неубедливо, па и уплашено момчињата како да не знаеја да внесат ни минимум возбуда во интерпретацијата, па повеќе од видливо беше дека се работи за просечни и неискусни музичари кои сè уште лутаат во потрага по здрав концепт. Особено неинвентивни беа клавирските изведби чиишто хармонски склопови беа на работ на евтиниот клајдермановски манир.Разбирливо е зошто публиката не бараше бис. Браќата Клаз и Куба перкашн се претставија со својот проект Цлассиц Меет Цуба. Петорката во состав Ерменец (пијано), двајца Германци (контрабас и тапани) и двајца Кубанци (конги и перкусии), сите извонредни музичари, елегантно избегнувајќи го сквернавењето на класичната музичка литература, понудија осмислени и одлично отсвирени кубано-џез варијации на теми од Бизе, Моцарт, Брамс… Весела сериозност – тоа е идејата на ЦМЦ на што од публиката им беше возвратено со три бис барања. Финалето речиси сите го дочекаа на нозе, а некои темпераментни девојки собраа храброст да танцуваат и на сцена заедно со музичарите.А, може ли да се остане рамнодушен кога на крај ќе ве повикаат на танц со Оѕе цомо ва, ма ритмо?Македонската филхармонија под диригентство на Борјан Цанев, за жал поради дождот, наместо на отворено, со два часа поместување концертот го одржа во импровизирани услови во Домот на културата, и тоа во најмала рака го девалвираше доживувањето. Додека настапот на симпатичниот пијанист од Црна Гора Ратимир Мартиновиќ помина без поголема возбуда (Чајковски), во вториот дел се претстави младиот Аргентинец Серџо Тјемпо. Маестрална пијано интерпретација на Рахмањинов, овации и долг, долг аплауз.На први август во предворјето на Св. Софија настапи џез-оркестарот на ХГМ (Хрватска глазмена маладеж), биг-бенд составен од музичари до 30-годишна возраст под раководство на Зиги Фигл од Австрија и со Кокан Димушевски како специјален гостин. Слушавме џез-транскрипции на Битлси, музика на Миленко Прохаска и на Димушевски. Едноставна, но истовремено одлична џез-свирка на која 15 млади луѓе покажаа дека и со апостолки, бермуди и маички може да се направи топ-џез-полноќен концерт. Финалните четири џез-рок нумери на Кокан беа одлична жешка завршница на ова весело и квалитетно дружење со публиката.Кога сè ќе се собере, Охридско лето (прв дел) сепак успева да држи затегнати дизгини (и покрај конкретните проблеми со театарските претстави) и би било добро до 20 август да се почувствува и галопирање по охридската калдрма.А, тоа дали Каролина, Ламбе, Андријана можат да бидат заедно со Бенсон во оф-програмата…?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.

dobivaj vesti na viber

Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.

Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.

Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.

„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.

Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.

Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија

Објавено пред

Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.

dobivaj vesti na viber

Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.

Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.

Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.

Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.

Целосна ПРОГРАМА

Прикажи повеќе...

Култура

Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

Објавено пред

Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.

Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ41 минута

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија53 минути

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет3 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ4 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија5 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет5 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа5 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет6 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија24 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 ден

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...