Економија
Груевски понуди можност за индустриска зона за кинески компании
Македонскиот премиер Никола Груевски во понеделникот во интервју за најгледаната кинеска телевизија CCTV ги повика кинеските бизнисмени да инвестираат во Македонија, при што им понуди можност за креирање на технолошко индустриска развојна зона наменета само за кинески компании.
Премиерот Груевски во интервјуто ги повика кинеските компании да инвестираат во Македонија и посочи дека нивните инвестиции се добредојдени во нашата држава која може да ја искористат како поволна позиција и порта за инвестиции и производство и за продажба на производи на европскиот пазар. Во тој контекст, Груевски ја истакна и поволната отворена опција за можност за креирање на специјализирана технолошко индустриска развојна зона наменета само за кинески компании кои се заинтересирани да инвестираат во нашата земја и оттука да го покриваат европскиот пазар. Груевски ги претстави серијата на мерки и поволности кои им се нудат на инвеститорите, како што се ниските даноци и трошоци за правење на бизнис, како и скратените и олеснети административни процедури вклучувајќи ги поволностите за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони кои се достапни за странските компанииМакедонскиот премиер говореше и за предизвиците на глобалната економија и механизмите и начините за справување со влијанијата од регионалните негативни економски текови, при што информираше и за економските реформи кои се преземаат од страна на Македонија во насока на овозможување на услови за економски раст и развој.Груевски во интервјуто се осврна на теми од билатералните односи помеѓу Македонија и Кина, во повеќе сфери од взаемен интерес поврзани со развојот на политичките и економските односи.Најголемата и најгледана кинеска телевизија CCTV емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва. CCTV поседува вкупно 22 канали и е водечки медиуми на азискиот континент.Посетата на премиерот Никола Груевски на Народна Република Кина наидува на голем медиумски интерес во Пекинг, информира прес службата на македонската влада.Интервју за програмата на кинеската телевизија CCTV досега дале повеќе светски политички лидери, сопственици на глобални компании и економски експерти меѓу кои и претседателот на Франција Франсоа Оланд, бразилската претседателка Дилма Русоф, претседателот на Казахстан Нурсутан Назарбаев, поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, претседателката на ММФ Кристин Лагарт, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и многу други лица од областа на политиката, бизнисот и општеството. Предвидено е Груевски во вторник во Пекинг да оствари средба со претседателот на Народна Република Кина, Си Џипинг и со премиерот Ли Кечиа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Прва заедничка координација на Управниот и на Надзорниот одбор на МЕПСО во Министерството за енергетика
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем.
Министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската сигурност на државата мора да работи беспрекорно, со стабилна динамика на проектите и без одложувања.
„ Во услови кога енергетската стабилност е приоритет на државата, од суштинско значење е преносната мрежа да се одржува континуирано, да се модернизира и да се развива во чекор со европските стандарди, со јасна стратегија и дневна оперативна дисциплина. Само со заедничка и навремена координација, заедно со Управниот и Надзорниот одбор можат да се надминат евентуалните застои кај клучните проекти, навремено да се решаваат административните пречки и да се обезбеди континуирана модернизација и одржување на преносната мрежа.“ истакна Божиновска.
На состанокот се разгледаа клучните точки:
· Напредокот и тековниот статус на големите инфраструктурни проекти што се во реализација.
· Планирањето и приоритизацијата на нови стратешки проекти за зајакнување на мрежата.
· Предизвиците во секојдневното работење и моделите за нивно надминување за поголема ефикасност и подобра оператива.
Од следната година, МЕПСО ќе стане полноправен член на Joint Allocation Office (JAO) – единствената европска платформа за аукции на прекугранични преносни капацитети. Со приклучувањето кон JAO, македонскиот системски оператор влегува во хармонизираниот европски модел за тргување со електрична енергија, према границите со Србија и Бугарија, додека со останатие соседи остануваме на регионалната платформа (ЦЕО) . Ова членство ќе овозможи поефикасно управување со прекуграничните капацитети, поголема транспарентност и интеграција на македонскиот пазар во европските електроенергетски текови.
Министерството ќе продолжи со редовна комуникација и координација со МЕПСО, за да обезбеди стабилен, модерен и сигурен преносен систем кој е основа на енергетската безбедност и развојот на државата.
Економија
Живко Мукаетов реизбран за член на одборот на директори на Американската стопанска комора
Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава.
Во рамките на овогодишното собрание, за член на Одборот на директори на AmCham по вторпат беше избран г. Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност, како и посветеноста на компанијата на принципите за транспарентност, интегритет и за активно учество во градењето подобра бизнис-клима.

„Алкалоид“ е долгогодишен и горд член на AmCham Северна Македонија од основањето на Комората во 2000 година. Компанијата активно ја поддржува нејзината мисија и редовно учествува во иницијативите, одразувајќи ја својата силна посветеност на принципите за одговорно корпоративно управување. AmCham претставува важна платформа за соработка со водечките американски и домашни компании и овозможува конструктивен дијалог за политики, конкурентност и за економски развој.

Покрај г. Мукаетов, во новиот состав на Одборот на директори беа избрани и Огњен Лазиќ (Пивара Скопје), Драган Давитков (PwC), Александра Ивановска (Рош) и Костас Николау (Титан Усје). Работата на Одборот на директори на Американската стопанска комора е фокусирана на унапредување на регионалната соработка, како и на соработката со клучните владини институции и со Амбасадата на САД, а еден од суштинските аспекти на овој одбор е мотивирање и охрабрување на членките на AmCham да бидат гласот на прогресивниот бизнис-сектор. Мрежата на AmCham низ Европа брои 49 подружници.

По завршувањето на официјалниот дел беше организиран свечен јубилеен прием, на кој присуствуваа претставници од институциите, дипломатскиот кор, меѓународните организации и од компаниите членки. Настанот уште еднаш ја потврди улогата на AmCham како платформа која ги поврзува јавниот и приватниот сектор, која поттикнува партнерства и која иницира структурни реформи.
По повод 25-годишнината, „Алкалоид“ упатува искрени честитки до AmCham и ги поздравува нејзината значајна улога и придонесот во развојот на деловната заедница.
(ПР)
Економија
ТИРЗ: Германска компанија за машинско инжинерство заинтересирана за инвестиција
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Матиас Лаубенштајн, директор на Heidelberg Postpress, германска водечка технолошка компанија која веќе 175 години се залага за иновации, квалитет и сигурност во машинското инженерство ширум светот. Средбата опфати презентирање на можностите и поволностите кои ги нуди Македонија преку зоните, при што беа разгледани ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијални локации за отворање на нов производствен погон од страна на германската компанија.
Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ активно соработува со сите засегнати страни со цел континуирано подобрување на условите во зоните, а беше нагласена стратешката локација, како и даночните поволности кои се достапни за инвеститорите. Тој додаде дека интересот на ваква реномирана компанија претставува силна потврда за атрактивноста на Македонија и ТИРЗ како локација за странски директни инвестиции. Како што рече Димовски, вложувањето во напредни технологии и висока додадена вредност е приоритет, а соработката со компании кои имаат долга традиција и глобално присуство ќе донесе значајни придобивки за целата економија.
Од страна на Лаубенштајн, беше изразен особен интерес за инвестирање во рамки на зоните, при што акцентот беше ставен на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијална локација. Toj нагласи дека стабилната деловна средина, пристапот до квалификувана работна сила и јасната и транспарентна поддршка од институциите се клучни фактори во нивните анализи за избор на нова локација.
Со јасен фокус на раст, како снабдувач на целосни решенија компанијата го поттикнува понатамошниот развој во основните области на пакување и дигитално печатење, софтверски решенија и бизнисот со животниот циклус со услуги и потрошен материјал, така што клиентите можат да постигнат максимална продуктивност и ефикасност. Компанијата моментално се фокусира и на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии.

