Култура
„Божик-Слава“ за Исусово раѓање

Женскиот камерен хор “Св. Злата Мегленска”, на 7 јануари, во 20 часот, во Соборниот храм “Св. Климент Охридски”, Скопје, ќе одржи концерт насловен како “БОЖИК – СЛАВА”
Традицијата на одржување божикни концерти што е установена на десетгодишнината од постоењето на хорот „Света Злата Мегленскa”, продолжува и оваа година. Како што кажа диригентката Летка Димовска-Полизова традицијата за одржување на божикни концерти продолжува и оваа година, која е четврта по ред. „Од господин господин Стефан побаравме благослов тој концерт да биде традиционален и тој ја даде својата согласност. Вечерта на Божиќ ние ќе го чествуваме големиот христијански празник во црковниот храм, опкружени со нашите прекрасни икони, во атмосфера што облагородува и смирува. Таму а капела ќе ги пееме православните духовни песни посветени на Господ. И овој Божиќ хорот „Света Злата Мегленска“ ќе го одржи својот традиционален божикен концерт“ изјави Полизова на прес-конференцијата што се одржа во духовно-концертната сала при Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“. И оваа година програмата за божикниот концерт е подготвувана внимателно за да биде интересна за присутните но, и за самите учесници. Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска” е формиран во 1996 год. при Македонската православна Црква и е прв од ваков вид во Република Македонија. Хорот е составен од 22 женски вокали, од кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Концертот е во организација на Здружението на камерни хорски состави „Света Злата Мегленска“ во кое е и истоимениот хор и Македонската православна црква со поддршка на Министерството за култура и Град Скопје. Влезот за божикниот концертот во Соборниот храм е слободен. Прогама за концертот Детски архиепископски хор „Херувими“ при МПЦ – Скопска Епархија1. Божикна Песна – К.КостовМашки Камерен Хор „Св. Нектариј“ при МПЦ – БитолаДиригент – Игор Гулевски1. Божикна катавасија – М.поп Тодоров2. Слава на хвалитни – ав.непознат3. Отца и Сина – М.поп Тодоров4. Достојно ест – П. ЕфескинЖенски Камерен Хор „Св. Злата Мегленска“ – СкопјеДиригент Летка Димовска – Полизова1. Величит душа моја – В.И. Володин2. Радусја вси Ангели – С. Строкин3. Тебе поем – Ф. Степанов, солист Ирена Крстеска4. Богородице Дево радусја – С. Рахмањинов5. Да исправитсја молитва моја – П. Чесноков, солист Николина Јаневска6. Под Твоју милост – Д. Бортњански, солист Јулија Карамитрова7. Во царствии Твоем – Д. Христов, солист Катерина Стојановска8. Приклони Господи – С. Дектјаев, солисти Ирена Крстеска и Николинас Јаневска9. Отче наш – Д. Шуплевски10. Во Божик-Слава – З. Запров, солист Горан Начевски11. Воспојте – М. ТајчевиќЦрковни ѕвона Сања Пановска Миланова
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.