Забава
Древните цивилизации генетски модифицирале диви коњи
Древните луѓе генетски модифицирале диви коњи, со цел да ги припитомат, што водело кон создавањето на домашни животни, кои пак
Древните луѓе генетски модифицирале диви коњи, со цел да ги припитомат, што водело кон создавањето на домашни животни, кои пак помогнале за ширење на човековата цивилизација на одредени делови од Земјата.
Ова денеска го објавија германски научници, со помош на генетски анализи.
До сега не беше познато дали коњите од секогаш биле питоми животни или луѓето интервенирале во нивниот ген преку селективно одгледување, како што тоа го правеле со волците и дивите мачки, од кои настанале денешните кучиња и мачки.
Благодарение на генетските анализи на мутацијата на коњските влакна, научниците недвосмислено докажале дека луѓето во камено време ловеле диви коњи и селективно ги одгледувале со цел да ги направат попаметни, попитоми и послушни. Со ова коњите станале составен дел од животот на човекот.
Луѓето во освојувањето на светот тргнале од Африка пред околу 40 000 години и ги населиле плодните долини Тигар и Еуфрат, познати како „лулки на човештвото“. По последното ледено доба, тие се прошириле северно од Кавказ. Од тука тие почнале да ги населуваат сите делово на Европа и Азија, а потоа Америка и Австралија. /крај/хн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Лорен Санчез го покажа лицето и шокираше многумина
Лорен Санчез неодамна присуствуваше на американската емисија „Добро утро Америка“, а странските медиумски фотографи ја фотографираа пред студиото во Њујорк.
Иако сопругата на Џеф Безос се смета за дама која често прави грешки при изборот на модни парчиња, се чини дека овој пат побарала совет од стилист.
Имено, за оваа посебна пригода таа носеше монохроматско издание – црна облека надополнета со струкиран капут. Ова шик парче облека се карактеризира со едноставен крој, но и преголеми ракави.
Таа додаде и црвена кожна чанта во стајлингот, како и длабоки црни чизми. Сепак, најголемо внимание привлече нејзиното лице, кое, како што може да се види, го „доработила“ за нејзиното појавување во американската емисија.
Филерите и ботоксот беа многу забележливи, а луѓето едвај ја препознаа…
Забава
(Видео) Мила Кунис и Ештон Качер имаат едно важно правило за родителството
Глумењето и родителството бараат строги правила за да функционираат заедно.
Актерката Мила Кунис неодамна зборуваше за клучно правило што нејзиниот сопруг, колегата актер Ештон Качер, и таа го следат заради нивните деца, Вајат (11) и Димитри (8).
Во разговор за „Екстра“, Кунис рече:
„Еш и јас никогаш не работиме истовремено. Ниту еден од нас не работи кога децата се надвор од градот на училиште.“
Мила исто така рече дека снима филм еднаш годишно токму поради децата, но и затоа што има, како што вели, „луксуз“ да го прави тоа.
@extra_tv Mila Kunis explains how she and Ashton Kutcher schedule work so one can always be with their kids. ❤️ #milakunis #ashtonkutcher ♬ original sound – ExtraTV
„Ако се снима во Лос Анџелес, мојот следен проект е снимање во Лос Анџелес во јануари, тогаш тоа ќе го правам. Потоа следниот проект е снимање во лето, во друга земја.“
Мила рече дека, и покрај тоа што таа и Качер продолжуваат да глумат, тие се трудат да им бидат достапни на своите деца.
Таа исто така истакна дека е среќна што може да избира филмски улоги.
Забава
(Видео) Фаталната русокоса го сруши интернетот со своето жешко издание
Сидни Свини веќе некое време привлекува внимание од јавноста, но и воздишки со своите жешки изданија. Таа е често активна и на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот, а неодамна откри како го поминала Денот на благодарноста.
Судејќи според фотографиите, таа го поминала во друштво на пријатели со кои организирала „Friendsgiving“ (неформална вечера организирана од пријатели за време на празникот Ден на благодарноста).
Sydney Sweeney in ‘Shrek’-themed Friendsgiving.pic.twitter.com/mNq0UtXjG7
— JumpTrailers (@JumpTrailers) December 1, 2025
Се чини дека ова било повеќе од само дружење, бидејќи присутните на фотографиите биле маскирани, вклучувајќи ја и фаталната русокоса.
А токму нејзиниот костим на змеј од популарниот филм „Шрек“ предизвика лавина од коментари. Таа носеше црвен боди кое ја истакнуваше нејзината витка фигура, но и нејзините гради.
„Прекрасна си“, „Толку си секси“, „Те сакаме“, се само дел од коментарите…

