Забава
Здравје за вашето бебе
Зеленчукот не секогаш е прифатен од страна на бебињата, затоа се препорачува во почетокот да се меша со млеко. Да се нахрани детето со овој вид на кашичка со помош на мало лажиче понекогаш завршува со неуспех, па потоа треба да се чека да помине некој период за да пробате пак
Советот кој го препорачува изворот www.hrana.com.mk, ако правите супа од зеленчук немојте во првите 2 – 3 недели да ставате праз, лук, кромид и слични плодови кои можат да го обесхрабрат бебето. Користите само морков, тиквици, компир или зелена салата. Во текот на 2 – 3 дена во шишето на бебето ( во попладневниот оброк ) ставете чорба наместо вода и додајте млеко. Така бебето ќе го навикнете на вкусот на зеленчукот. Некои бебиња обожаваат зеленчук, некои не. Овој постепен метод може да помогне околу навикнувањето на бебето на вкусот на зеленчукот. Детето кое неможе да изеде доволно во редовните оброци има потреба од ужина меѓу оброците. Ужината се дава 2 -3 пати дневно и не треба да биде обилна. Исто така важно е ужината да се сервира во вид на оброк така да детето не јаде ништо се до следниот оброк. Детето треба да се спречи да јаде по малку секој час. За дете од 6 – 8 месеци се препорачува да се даде ужина од пире, вариво, сирење, двопек, банана или попара. За дете од 9 – 12 месеци се дава варен зеленчук, сецкано овошје, јаболка, крушка, праска, компот или пире од овошје, ќофте од мелено месо, риба или ситно сецкано пилешко или говедско месо. За дете постаро од година и половина, може да се дава се што е погоре наведено, а може плус и житарици со млеко, разни сендвичи или пире од банана или тиква.“Послушното” бебе можете да го наградите со овошен компот од јаболка, круша итн. Бебето обично го сака овој вкус затоа што е по благ од вообичаеното. Во почетокот не знае и ќе прифати само 1 – 2 кафени лажички но за кратко време дозата ќе се зголеми од 20 – 30 – 40гр. Бебињата и малите деца обично го сакаат десертот и може да изедат повеќе од предвиденото. Во тој случај намалете го млекото во наредниот оброк. Бебињата многу ги сакаат бананите. На бебињата помали од 8 месеци можете да им дадете добро созреано овошје, излупено и испасирано, во мали количини. Јогурти и млади сирења можете да им давате по 8-иот месец, но овие млечни продукти малку засладете ги. Корисни совети: – Добро измијте ги рацете пред да го земете стерилното шише и цуцла на детето. – Пазете на цуцлата! Некои цуцли пропуштаат повеќе млеко, а тоа доведува до брзо прејадување на бебето што има понатамошни последици проследени со повраќање. – Во почетокот не му дозволувајте на детето да го испие цело млеко без да земе воздух. На секои 5 – 6 голтки прекунувајте го, така да детето ке може да земе воздух. – Водете сметка шишето на бебето да биде убаво дигнато така да целата цуцла да биде исполнета со млеко во спротивно бебето ке се наголта воздух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

