Контакт

Култура

Работни места и на Јужен пол

Објавено пред

Британците кои останаа без работаденовиве им се понудени работни места во најстудената областа на Земјата -Јужен пол.

dobivaj vesti na viber

Британците кои останаа без работаденовиве им се понудени работни места во најстудената областа на Земјата -Јужен пол.

Работни места нуди агенцијата “Бритиш антарктик сурвеј“, која подпокровителство има пет истражувачки станици на Јужен пол.

Оваа агенција, и покрај ваквата клима, очекува добар одзив на својатапонуда со оглед на рецесијата во Велика Британија.

Минатата година, за секое понудено работно место, се јавиле стотицикандидати кои воделе жестока “борба“ за да ја добијат работата.

Работници, од разни профили, се повикуваат да работат на Антарктик, кадегодишната заработувачка е 28 илјади евра за оние кои се на почетокот одкариерата.

Антартикот е најслабо населен дел од светот, кој на простор 58 пати поголемод Велика Британија, летно време, има околу 10 илјади жители.

/крај/ме/ис

Copyright

2009

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Македонскиот народен театар стана член на Европската театарска конвенција (ETC)

Објавено пред

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски,  престојува во Атина, на Генералното собрание на Европската театарска конвенција (ETC), во која членуваат најголемите театри од Европа.

dobivaj vesti na viber

Кимовски денес имаше официјално обраќање на собранието на кое го претстави МНТ и неговата работа и мисија.

Потоа со едногласна одлука од сите членки Македонскиот Народен Театар беше примен за член  на најважната театарска мрежа во Европа.

Меѓународната театарска конференција на ETC, насловена како „Thrive Theatre Thrive! Keep the Flame Alive.“, ќе се одржи од 3 до 7 април 2025 година во Националниот театар на Грција во Атина. Со членството на Македонскиот народен театар во ETC, која е водечка  мрежа на јавно финансирани театри во Европа, со 63 театри членки од 31 земја се отвораат можности за создавање европски коопродукции и размена на претстави и уметници со европските национални куќи.

ETC е посветена на промовирање на современата драма, олеснување на уметничките размени и поттикнување на културната разновидност во европската театарска уметност. Организацијата служи како платформа за дијалог, демократија и интеракција, со цел да рефлектира и да привлече разновидна публика и општества во постојан развој.

Во рамките на Генералното собрание директорот Кимовски оствари и средба со претседателката на мрежата госпоѓата Клаудиа Белхиор. Во следните два дена ќе се остварат повеќе одвоени состаноци со директори на Национални театри и фестивали со цел договарање на идна соработка и размена.

Прикажи повеќе...

Култура

„Јон Вардар против галаксијата“ селектиран на престижниот филмски фестивал BAFICI во Буенос Аирес

Објавено пред

Од

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е селектиран на еден од водечките фестивали за независен филм во светот – BAFICI (Buenos Aires Festival Internacional de Cine Independiente) 2025.

dobivaj vesti na viber

Филмот ќе биде прикажан три пати пред фестивалската публика во Буенос Аирес, и тоа на 8, 10 и 11 април.

Мануел Рамирез, познатиот аргентински филмски критичар, кој е еден од програмерите на BAFICI, и работи за угледниот дневен весник „Пагина 12“, за филмот напиша: „Анимиран долгометражен филм од Македонија не е нешто што се гледа секој ден, но шармот на John Vardar vs. the Galaxy е далеку од тоа да биде само географски куриозитет. Оваа визуелна лудорија – со своите интергалактички авантури што наликуваат на халуцинација, откачени вонземјани и хумор со висока концентрација – се истакнува со рокерска дрскост и заразна комичност. Филмот е како црна дупка што го вовлекува гледачот во својот хаотичен универзум, каде секое чудовиште е повик на бегство од нормалното и прослава на лудото и необичното“.

Режисерот на филмот, Гоце Цветановски, за фестивалот рече дека многу го почитува поради неговата храброст да прикаже филмови што излегуваат од шаблоните.

„За нас, оваа селекција е како да сме испратиле балкански вселенски брод во срцето на Буенос Аирес. Горди сме што ‘Џон Вардар’ ќе има можност да се сретне со една отворена и љубопитна публика, каква што е аргентинската“, вели Цветановски.

Фестивалот BAFICI (Buenos Aires Festival Internacional de Cine Independiente) се смета за најголемиот и најважен фестивал за независен филм во Латинска Америка. Годинава ќе се одржи по 26-ти пат. BAFICI е познат по својата поддршка на авторскиот филм и по отворањето на нови хоризонти за независни продукции од целиот свет.

„Јон Вардар против Галаксијата“ е поддржан од Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Голем сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT

Објавено пред

Од

На 13 ноември во 20:00 часот премиерно ќе се одржи голем сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски, информираат од Македонскиот народен театар.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа претстава ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината. Претставата ќе претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на сите големи актери, режисери, драматурзи, но и на сите оние луѓе кои се позади кулисите и помагаат во создавањето на сценскиот универзум во МНТ“, се наведува во соопштението.

Во претставата ќе учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи.

„Публиката ќе биде на едно големо патување во театарот на сонцето. Овој голем сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со посебен акцент на воздушната акробатика и 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавањето на мултимедијални сцени на оригинален начин пред сѐ преку силно визуелен израз да се раскаже за 80- годишното театарско постоење на МНТ“, велат од театарот.

Во авторскиот тим на овој голем спектакл се потпишуваат: Дејан Пројковски – режисер, Валентин Светозарев – сценограф, Горан Трајкоски – композитор, Сергеј Светозарев – дизајнер на 3Д-видеомапингот и Марија Пупучевска – костимограф.

Премиерата е на 13 ноември, следните изведби се на 14 и 17 ноември 2025 година. Билетите за изведбите на спектаклот ќе бидат пуштени во продажба од денес, 4 април, преку веб-страницата, www.mnt.mk, како и на билетарницата во МНТ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Партијата Левица: На Локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет14 минути

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа38 минути

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет2 часа

(Видео) Хамас го ракетираше југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на...

Македонија15 часа

ЦУК: Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи. Во 13:15...

Македонија17 часа

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага...

Македонија19 часа

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија23 часа

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...

Свет24 часа

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и...

Свет24 часа

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката...

Македонија1 ден

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од...

Топ2 дена

Притвор за 15-годишно дете кое неколкупати силувало 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа

Да се воведат механизми кои нема да дозволат билатерални спорови да се пречка за остварување на заедничка цел, порача премиерот...

Македонија2 дена

Министерство за здравство: 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Со Тошковски на чело, МВР е во хаос – бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена, кажа денеска...