Контакт

Книги

Промоција на книга за дипломатијата и феминизмот од Нела Ташковска

Објавено пред

На 18-ти октомври во 12. 30 часот во просториите на фондацијата Никола Кљусев ќе се одржи промоција на книгата „Дипломатија и Феминизам: Каде се жените во политичката медијација”, од младата авторка, магистер по дипломатија, феминизам и човекови права Нела Ташковска.
 

dobivaj vesti na viber

На 18-ти октомври во 12. 30 часот во просториите на фондацијата Никола Кљусев ќе се одржи промоција на книгата „Дипломатија и Феминизам: Каде се жените во политичката медијација”, од младата авторка, магистер по дипломатија, феминизам и човекови права Нела Ташковска.

 

Авторката првпат својата книга ја има издадено во САД за Проквест УМИ. Книжевниот труд претставува научно истражувачки проект низ кoj се анализира сферата на дипломатијата од родово сензитивна перспектива и кoj нуди нов пристап и стратегии за применување на политичката медијација. Оваа книга дава одговор на прашањето зошто сé уште светската дипломатија не е наклонета кон поголемо присуство на жени амбасадори и кои се причините за тоа.

Овој проект нуди детална анализа на политичките одлуки и долгогодишната кариера на една од најзначајните женски политички фигури во меѓународната дипломатија, поранешниот американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Анализирајќи ги главните предизвици со кои Хилари Клинтон се соочи во дипломатската сфера, оваа книга има значајна образовна вредност како иновативен и политички релевантен труд за водењето на една прогресивна модерна политика во светски рамки.

Нела Ташковска е родена на 30-ти ти мај, 1988 година., во Скопје. Своето образование го има завршено во САД, каде дипломирала на Универзитетот Пурдју, отсек политички науки и магистрирала на Универзитетот Розевелт во Чикаго, отсек дипломатија, феминизам и човекови права.

Ташковска има повеќегодишно искуство работејќи во одделот за политички настани при Советот за надворешна политика во Чикаго, организирајќи политички дебати и панели со високи претставници од американската влада како Ал Гор и Хилари Клинтон. Авторката има учествувано на многубројни политички конференции, а во 2011 година била главен претставник на Република Македонија на АМОН (Американски модел на Обединети нации) на тема спорот со Грција. Има напишано голем број трудови од областа на политичката филозофија и дипломатијата, работејќи како главен асистент на Џозеф Лоунди проектот за заштита на човековите права во Чикаго. Ташковска воедно е и рецензент на книгите „Јавно мислење и меѓународна интервенција: Војната во Ирак” и „Човековите права во светот после терористичките напади на 11-ти септември 2001-та.

Почесни гости и соговорници на настанот се Лилјана Поповска, претседателка на Комисијата на еднакви можности на мажите и жените во Собранието на Република Македонија и Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонското женско лоби./крај/мф/сд

 

Извор: Макфакс

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија12 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија14 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија14 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија15 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет15 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија16 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија17 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија18 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија18 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија18 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет18 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет18 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет20 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет20 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет20 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет21 час

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа21 час

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...