Контакт

Култура

Почина авторот на „Пепелта на Ангела“

Објавено пред

Френк Мекоурт, авторот на „Пепелта на Ангела“, почина вчера на 78-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Писателот на „Пепелта на Ангела“ Френк Мекоурт почина вчера во Њујорк на 78-годишна возраст од рак. Мекоурт ја освои Пулицеровата награда во 1997 година за неговиот мемоар „Пепелта на Ангела“ во која го опишува неговото тешко детсвто во родната Ирска за време на Големата депресија и Втората светска војна. „Пепелта на Ангела “ во 1999 година беше адаптирана во филм во кој глумеа Роберт Карлајл и Емили Вотсон. По „Пепелта на Ангела“ Мекоурт напиша уште две книги, „Тис “ и „Учителот“, но ниту една од тие не ја достигна славата на првата. Мекоурт беше роден во Њујорк како најстаро од седумте деца на ирски имигранти во Америка. Три од неговите браќа и сестри починале во раното детство од неухранетост, а Френк за малку не умрел од тифус. Мемоарот ја раскажува приказната за тешкото детство во рурална Ирска, со татко алкохоличар, гладта и понижувањето од просење за да се преживее.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

Објавено пред

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка” од Тетово денеска во големата сала на Центар за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово ќе ја одржи четвртата манифестација „Фолклорни игри под Шара“. Манифестацијата ќе започне во 17:00 часот со дефиле на културно-уметничките друштва по улиците на градот, а свечениот концерт е закажан за 19:00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Манифестацијата има мултиетнички карактер на која на едно место се претставува фолклорот на народите кои живеат во пазувите на Шар Планина. На годинешната манифестација, како и на претходните три изданија, својот фолклор го претставуваат културно-уметнички друштва кои делуваат во Тетово и околните населени места. На сцената ќе продефилираат народните носии на Македонците, Албанците, Турците и Србите“, информира Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Народните игри на Македонците и Србите ќе ги претстават членовите на домаќините, КУД „Бранко Чајка“ кое што делува во состав на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово. Покрај ова друштво пред тетовската публика ќе настапат КУД „Брвеница“ од Брвеница со македонски фолклор, КУД „Џеладин Зеќири“ од Тетово со албански фолклор, КУД „Јени хајат“ Тетово со турски фолклор како и Вокалниот ансамбл „Распеани кичевчани“ од Кичево.

Манифестацијата „Фолклорни игри под Шара“ претставува проект од национален интерес во културата за 2024 година на Министерството за култура на Република Северна Македонија од областа на фолклорот.

Прикажи повеќе...

Култура

„Златна рамка“ од 18 до 20 јуни во МКЦ: нови македонски филмови, презентации, трибини

Објавено пред

Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

dobivaj vesti na viber

Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги гледа македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Филмската програма годинава содржи долгометражни, краткометражни и документарни остварувања.

Во рамките на долгометражната програма на 18 јуни, во 20.30 часот, ќе биде прикажан филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова во продукција на „ДНФ продукција“, на 20 јуни е проекцијата на „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски со „Лист продукција“, како и филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов со „Минд продукција“.

Краткометражната програма содржи девет филма, кои ќе бидат прикажани во терминот од 18 часот на 19 јуни. На програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази.

Документарната програма носи пет остварувања, а проекциите се распоредени во текот на трите дена на одржувањето на ревијата „Златна рамка“. На 18 јуни, во 18 часот, е проекцијата на филмот „Бисер“, во режија на Драган Кумев, а во 19 часот ќе биде прикажан документарецот „Последниот каубој на Балканот“, на режисерот Сабедин Али. На 19 јуни, во терминот од 12 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ (Недопирливи) на Зоран Димов и „Емигрант сум или…“ на Сенад Абдули. На 20 јуни, во 18 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“, работен според „Дневник по многу години“ од Блаже Конески, во режија на Никола Т. Калајџиски, во продукција на „Контраст филм“.

Социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од разни социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“, годинава ќе се одржи на 20 јуни во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Покрај ревијата на македонски филмови, „Златна рамка“, предвидува да се одржи свечено собрание на ДФРМ на 18 јуни. На 19 јуни, пак, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера „Сони“.

На 20 јуни, во 12 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Зачувување на аудиовизуелното наследство“, на која ќе учествуваат Владимир Ангелов, вон. проф. м-р Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Традиционално „Златна рамка“ ќе ги додели почесни награди на ДФРМ за филмски актер, филмски автор и филмски работник.

Прикажи повеќе...

Култура

Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“ – музиката од филмовите на славниот Кјубрик

Објавено пред

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе донесе разновидност и секако, несомнен квалитет. Во среда, на 19 јуни во Градскиот парк со почеток во 21 часот, под ѕвездите на скопското небо, одиме на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност.

dobivaj vesti na viber

Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во јубилејот којшто годинава го слави оваа најстара национална институција – 80 години од постоењето.

Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

Кјубрик на музиката гледал како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори, ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебна драматургија и естетика.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Шест лица загинаа во свлечиште во Еквадор, 30 се водат за исчезнати

Најмалку шест лица загинаа, а 30 се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во градот Банос де Агуа Санта...

Свет6 минути

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија10 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија12 часа

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија13 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа17 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија17 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа18 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион20 часа

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет20 часа

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет20 часа

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија21 час

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија21 час

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија21 час

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија24 часа

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија2 дена

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет2 дена

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија2 дена

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ2 дена

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт2 дена

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...