Економија
Спласнаа надежите во можен брз излез на еврозоната од рецесија
Активностите во приватните компании во сите 17 земји членки на еврозната во февруари повторно се влошени, што укажува на продлабочување на кризата и се поголемиот јаз меѓу челникот, особено меѓу двете водечки економии, покажа во четвртокот внимателно следениот извештај на лондонската компанија „Markit”.
Прелиминарниот сеопфатен индекс на менаџерите на набавката (PMI) за производствениот и за услужниот сектор во еврозоната, кој го изработува лондонската истражувачка компанија „Markit”, во февруари се спуштил на 47,3 поени, од јануарските 48,6 поени.
Со тоа PMI и натаму цврсто стои под нивото од 50 поени, односно во областа на падот на активностите. Вредностите на индексот над 50 поени укажуваат, пак, за растот на активностите.
Индексот PMI за услужниот сектор во еврозоната во февруари се спуштил исто така за 1,3 индексни поени, на 47,3 поени, и во моментот е на најниското ниво во последните три месеца. Соодветниот индекс за производствениот сектор се спушти на 47,8 поени, што претставува негов најниско ниво во последните два месеца, од јануарските 47,9 поени.
Најновите показатели наведуваат на процената дека 17-члената еврозона е на пат во првото годинешно тримесечје повторно ќе забележи пад на активностите, и тоа четврти квартал по ред, иако проценетиот пад би требало да биде послаб во споредба со четвриот квартал од 2012 година, која активностите се намалија 0,6 отсто, со очекуваниот пад меѓу 02, 0,3 отсто, изјави за Reuters Крис Вилијамсон, главен економист во „Markit”.
Во „Markit” особено предупредуваат на сé поголемите разлики во самата еврозона, особено јазот меѓу Германија и Франција, двете најголеми економии во еврозоната, меѓу кој во моментот е најголем од 1998 година кога почнаа да се собираат ваквите податоци.
Додека компаниите во Германија одржале солидна стапка на раст, француските услужни компании во моментов бележат најголем пад од почетокот на 2009 година и најниски точки од тогашната ткн Голема рецесија.
„Германија е на пат да оствари економски раст во првиот квартал, по падот од 0,6 отсто во последното ланско тримесечје, и тоа веројатно по стапка од дурии 0,4 отсто. Кризата во Франција веројатно пак, ќе се продлабочи, со што втората најголема економија во еврозоната повеќе им се приближи на земјите на периферниот појас на еврозоната и се оддалечи од јадрото коешто традиционално го сочинува со Германија”, додава Вилијамсон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

