Скопје
Скопје со велосипедско дефиле го одбележа Денот без автомобили
Велосипедско дефиле од неколку илјади велосипедисти се одржа во вторник во Скопје, со што се одбележа Европскиот ден без автомобили, а учесниците возеа по патека долга околу 10 километри, од центарот на гредот, преку Порта Влае до парк.
„Целта на ова дефиле е да се подигне јавната свест кај граѓаните за користење на велосипедот како превозно средство, а исто така да се подигне свеста и на другите учесници во сообраќајот, пред се на моторизираните возила да имаат почитување кон велосипедистите“, истакна градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој учествуваше во дефилето .Тој потсети дека Градот Скопје го реализира тригодишниот план за изградба на велосипедски патеки во Скопје, а три компании работат на изработка на првата фаза за изработката на патеките.Заменик министерот за животна средина Стево Темелковски рече дека годинава во Македонија на Денот без автомобили учествуваат 15 градови односно 1.700 градови во Европа во вкупно 42 држави.„Не само денеска, туку во текот на сите 365 дена од годината треба да сме свесни дека автомобилите треба да се користат одговорно, дека треба да го правиме вистинскиот избор на начинот на транспорт и дека треба да ги користиме предностите на современиот урбан начин на живеење водејќи сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме“, рече Темелковски.Според него, ако секој од нас тргне од самиот себе, со менување на некои секојдневни навики и со правење на вистинскиот избор, резултатот ќе стане видлив./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

