Македонија
Кежаровски учестуваше на протестот за негово ослободување
Новинарите, медиумските работници, граѓани, во вторник протестираа пред Апелациониот суд против одлуката за затвор на новинарот Томислав Кежаровски во траење од две години.
Со пароли и свирежи повикаа Кежаровски, кој денеска на изненадување на сите беше привремено пуштен од затвор, потполно да биде ослободен.
Со маски со неговиот лик, порачаа дека и „тие се Кежаровски“, а за премиерот Никола Груевски изработија карикатура на која е прикажен тој како го `коле` слободното новинарство, облечен како терорист.
Сите заминаа пред Владата за да му ја предадат лично на премиерот карикатурата.
Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис вели, привременото пуштање, кое ги изненади сите е само мала победа, но дека новинарите не се откажуваат бидејќи тој е невин и пресудата мора да биде ослободителна.
Кежаровски неколку дена беше во затвор, откако Апелациониот суд ја преиначи првостепната пресуда и од 4,5 години затвор ја намали на две години.
Кежаровски беше уапсен во акцијата „Ликвидација“ во мај 2013 година, под обвинение дека објавил име на заштитен сведок во случајот со убиството во Ореше. Прво беше во притвор во затворот во Шуто Оризари, кој подоцна му беше заменет со домашен притвор. /крај/мф/бб
Извор: Nova
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

