Контакт

Македонија

Груевски најави измени на предлогот за екстерно тестирање

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски најави измени на предлгот за екстерно тестирање на студентите, откако илјадници студенти излегоа на протест против овој начин на тестирање.

dobivaj vesti na viber

Груевски најави дека екстерниот испит нема да важи за студентите кои веќе ги почнале своите студии туку само за оние кои во индина ќе се запишат на факултет и ќе се полага неограничено, се додека студентите не го положат.Премиерот истакна дека студентите имаат право на различно мислење и право на протест и посочи оти тоа го почитува. Она што е значајно, посочи, е дека сега сме во фаза на јавна дебата, се слушаат сите мислења по ова прашање.„Не е точно, како што се појавија некои шпекулации, дека нема да се предвиди можност за повеќекратно полагање на државниот испит во втора година“, рече Груевски.Ќе се слушнат сите мислења за оценувањето на студентите, целта е да имаме нови генерации со посилно знаење и креативност, рече Груевски„Размислувањата што ги сподели Владата со јавноста во правец на подобрување на знаењето и квалитетот во високото образование се мотивирани за да се помогне на студентите, младите луѓе да добијат диплома со знаење кое што ќе им помогне во животот понатаму“, додаде Груевски./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Кузеска: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм

Објавено пред

Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, вели во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

– Реториката за постојано подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и спотови со воени опреми се несоодветни провокации за кои дефинитивно нема место во нашето општество. Не држат вода ставовите дека во СДСМ има албанофобија, СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и се залага за добри односи со сите заедници коишто живеат во Република Северна Македонија. СДСМ докажала дека секогаш се борела и ги бранела правата на сите етнички заедници кога тие биле загрозени. Во оваа држава, ниту Aлбанците ниту Македонците ниту Србите ниту Tурците и сите коишто живеат тука, не сакаат да слушаат вакви реторики туку сакаат конкретни решенија коишто ќе ги решаваат секојдневните проблеми, рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицајци барале поткуп па си го делеле меѓу себе: обвинение за 16 лица во предметот Премин

Објавено пред

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица.

dobivaj vesti na viber

Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници од кои едниот е во пензија и полициски службеник се обвинети дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Примање поткуп предвидено и казниво по член 357 од КЗ. Деветмина од обвинетите сториле и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 КЗ. Едно лице освен за погоре наведените две дела е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од чл.396 ст.5 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ.

Двајцата царински службеници против кои е поднесен обвинителниот предлог се обвинети дека како соизвршители сториле едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ.

За сите обвинети за кривичното дело Примање поткуп обвинителството смета дека се исполнети условите од чл.38-б од КЗ и му предлага на судот да им изрече и казна -Забрана за вршење на професија, дејност или должност со што на лицата ќе им биде забрането вршење на должност на службено лице во орган на државната управа односно министерство, друг орган на државна управа како самостоен орган на државна управа или органи во состав на министерствата или управна организација како и во други државни органи.

Предметниот обвинител до судот достави и предлог за одземање на имотната корист прибавена со кривичното дело, а пронајдена при извршените претреси и тоа: 51885 евра, 663.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 530 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.

Воедно, заради непречено водење на постапката заедно со обвинителниот акт е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор против шест лица заради неизменети околности врз основа на кои мерката е претходно определена.

Истражната постапка е отворена во октомври минатата година кога беше спроведена полициска акција под кодно име Премин поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат. Не правејќи пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа и увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Притоа примениот поткуп го делеле меѓу себе.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Нема да ги гласаме интерпелациите на ДУИ, не се потребни нови поделби по етничка основа

Објавено пред

Оливер Спасовски од СДСМ денеска на прес конференција истакна дека СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ, затоа што не се потребни нови поделби по етничка основа.

dobivaj vesti na viber

„Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување меѓуетнички тензии и отворање можности за поделби меѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистински, причините за интерпелаците не смеело да бидат поврзани со етнички контекст, туку единствено со аргументи и со факти за работата на одреден министер или функционер. За жал, аргументи и факти има колку сакате. Инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме е за секоја осуда и претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците. Но исто така и други настани со сквернавење на други симболи“, вели Спасовски.

Според него, постапувањето на институциите, исто како и преземање на сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија не може да биде предмет на политичка интерпелација.

„Постојат закони, и ако тие закони се прекршени, мора да се постапува и некој мора да носи одговорност. Од друга страна, постојат многу други основани причини за интерепелација, особено за министерот Тошковски но и за многу други министри во Владата. Сега кај нас се поставува прашањето е зошто ДУИ не ги опфаќа овие основи за интерпелација на министрите. На пример нема ниту збор зошто не се преземаат мерки кои се под надлежност на министерот за екологија. Нема ниту еден збор за скандалите коишто се случија на косовската граница, за бегствата на Рамадани и Груби кои се под директна надлежност на МВР. Нема ниту збор за партиската чистка којашто се спроведува во институциите, во МВР, во безбедносниот сектор, за отпуштањата од работа на професионалците, за партиските распределби и незаконски разрешувања. Нема ниту збор зошто е амнестиран бодигардот на Мицкоски кој нападна полицаец а беше ослободен од одговорност и веќе е унапреден. Исто така во интерпелацијата воопшто не се опфаќаат настани од безбедносен аспект, во сите градови Скопје, Штип, Прилеп, не прашува зошто е запалено возилото на началникот, на заменикот“, посочува Спасовски и додава:

„Сето ова говори дека намерите биле поинкави а тоа е отворање на нови етнички тензии. Во изминатите шест месеци јавниот простор е затруен со етнички теми и наративи и поделби. Ова е стратегијата на ДУИ и ДПМНЕ уште од минатото, и оваа стратегија за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува и нема да бидеме дел од вакви игри. СДСМ премногу вложи во градење на меѓуетничките односи, и ако пред неколку години беше тема да се подобрат меѓуетничките односи тоа не беше тема и не треба да биде. СДСМ смета дека со градење на добри меѓуетнички односи, треба да се искористат сите можни капацитети и заеднички да се потрудиме Македонија да ја направиме европска и економски просперитетна држава. Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта. СДСМ како пратеничка група и како партија секојдневно зборуваме и гласно се спротивставуваме на погрешните политики на власта и во собранието и надвор од него. Така и ќе продолжиме. Сите демократски инструменти кои што стојат на располагање ќе ги искористиме, одговорно и аргументирано, не заради дневна политика туку заради граѓаните и иднината на државата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Спасовски: Нема да ги гласаме интерпелациите на ДУИ, не се потребни нови поделби по етничка основа

Оливер Спасовски од СДСМ денеска на прес конференција истакна дека СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за...

Свет3 часа

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија5 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија5 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет6 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет6 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ6 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет16 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет17 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија21 час

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија22 часа

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија1 ден

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија1 ден

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија1 ден

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија1 ден

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија1 ден

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет1 ден

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 ден

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет1 ден

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...