Контакт

Економија

Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествуваше на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој (Broadband Commission for digital development), кој на 23 септември се одржа во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Состанокот го отворија претседателот на комисијата, Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, а на него учествуваа претставници од УНЕСКО, Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Европската комисија, политички претставници на повеќе земји од светот, Интернационалната телекомуникациска унија (ITU), како и од мултинационалните компании Телефоника, Ериксон, Алкател и други.

Министерот Ивановски, како што информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, оствари значајни контакти и разговори со највлијателните луѓе во светот во доменот на информациско-телекомуникациските технологии, што ја потврдува заложбата на Македонија за градење и развивање на информатичкото општество во нашата земја, кое ги следи најсовремените светски стандарди.

Извештајот кој го оценува ширењето на широкопојасен интернет во светот, беше објавен на шестиот по ред состанок на Комисијата, кој се совпадна со одржувањето на 67 сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации. Ова беше поздравено од Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, кој во своето видео обраќање до учесниците на состанокот, оцени дека широкопојасниот интернет претставува “трансформативна технологија која има потенцијал да напредува кон сите три столбови на развој, економски просперитет, социјалното вклучување и одржување на животната средина“.

Во извештајот се истакнува јасната потреба од политичкото лидерство за да се олесни распоредувањето на интернетот во целиот свет. Исто така, во извештајот се констатира дека на крајот на 2011 година, имало речиси двојно повеќе мобилни претплатници на широкопојасен интернет, отколку фиксни.

Во текот на оваа сесија, учесниците беа информирани за најновите резултати и случувања на полето на информациско-комуникацискиот развој, а се разговараше и за следните чекори кои ќе се преземат од страна на националните влади.

“Врските и сервисот на широкопојасниот интернет го трансформираат нашиот начин на живеењеe. Комисијата е обврзана да осигура дека бенефициите на широкопојасниот интернет се достапни за сите. Јас сум воодушевен од посветеноста и ентузијазмот што е прикажан од многуте врвни бизнис лидери и креатори на Комисијата за унапредување на глобалната широкопојасна политичката агенда“- смета генералниот секретар на Интернационалната телекомуникациска унија (ITU), д-р Хамадоун Тур.

Врз основа на искуствата од повеќе земји и организации, на состанокот во Њујорк се разгледуваа можностите за вклучување на широкопојасниот интернет во образованието, здравството, ИКТ обуките и вештини, со цел да се потенцира моќта на постоечките иницијативи и апликации, како и идните трендови.

Во извештајот се забележуваат силни јазични промени кои сега се случуваат на интернет. Ако сегашните стапки на раст продолжуваат, како што се вели, бројот на интернет корисници кои што пристапуваат на други јазици освен на англискиот (претежно во кинески), ќе ги стигне корисниците на англискиот јазик.

Според поставените цели, до 2015 година сите земји треба да имаат национален широкопојасен план и стратегија, 40% од домаќинствата во земјите во развој да имаат интернет-пристап, бројот на интернет-корисници да достигне 60% на светско ниво, 50% во земјите во развој и 15% во најмалку развиените земји. Се проценува дека широкопојасниот интернет претставува основна инфраструктура за промовирање на економскиот раст, трговијата и продуктивноста, особено во поглед на предизвиците на денешната економска клима.

Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој е формирана на заедничка иницијатива на Меѓународната телекомуникациска заедница (International Telecommunication Union – ITU) и Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization – UNESCO).

Во април оваа година, во Охрид се одржа петтиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, со кој претседаваше нејзиниот претседател, Карлос Слим. Средбата во Охрид беше прва од ваков вид надвор од седиштето на Обединетите Нации во Женева, Париз и Њујорк. /крај/мф/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.

Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.

Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Објавено пред

Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.

dobivaj vesti na viber

Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:

„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:

„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.

Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.

За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 часа

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија13 часа

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија14 часа

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија16 часа

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија17 часа

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија21 час

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ2 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија2 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија2 дена

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 дена

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 дена

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 дена

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 дена

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 дена

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет2 дена

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 дена

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 дена

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 дена

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 дена

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...