Скопје
Се одржува фестивалот на органска храна
Во петок на плоштадот „Македонија“ од 10 до 18 часот традиционално, по шести пат, се одржува „Фестивалот на органска храна“.
Фестивалот кој се одржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, има за цел да го промовира користењето органска храна како важен сегмент во секојдневната исхрана на човекот и да ги потенцира сите предности кои ги носи користењето на органската храна за здравјето на граѓаните. На фестивалот на органска храна се претставени 20-тина производители на органска храна, а се одржуваат и работилници и предавања за деца и возрасни. Во изложбениот дел на фестивалот, граѓаните имаат можност да ги видат и вкусат производите на повеќе од 20-тина органски производители и компании кои нудат здрава храна: органски мед, органски зеленчук и овошје, органска козметика и многу други. Фестивалот на органска храна оваа година е во организација на здружението на граѓани „Подиум Скопје“ со финансиска поддршка од Градот Скопје во износ од 200.000 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




