Скопје
Манчевски: Гасификацијата е единствено стратешко решение за загадениот воздух во Скопје

Единствено стратешко решение за проблемот со загадениот воздух во Скопје е гасификација на градот, изјави во четврток потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, по одлуката на Град Скопје да субвенционира купување на печки на пелети.
„Веднаш по промената на власта, на 11 декември, ќе започнеме да работиме на гасификацијата на цело Скопје. Граѓаните на Скопје ќе добијат поевтино греење и ќе имаат шанса да се намали загадувањето на воздухот. Дополнително со мерки за субвенционирање на фотоволтаични системи, со јавен превоз на електричен погон, и со подземна сообраќајница, значително ќе влијаеме за намалување на загаденоста на воздухот“, рече Манчевски.Според него, иако ќе гласаат „за“ предлогот за доделување на субвенции за купување на печки на пелети, тоа е симболична мерка со која поволностите ќе ги искористат само 200 семејства.„Доколку Коце Трајановски искрено сакаше да им помогне на скопјани, ќе одделеше поголема сума на пари за субвенции на пелети, тоа можеше да го направи од ставките за панорамски тркала, за фасади, за барокни споменици, и за фонтани, но тој ниту сака, ниту може да им помогне на скопјани, и затоа треба веднаш да си оди, со што најмногу ќе придонесе за намалување на загаденоста во градот“, рече Манчевски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)