Скопје
За три дена 120 скопјани побарале субвенции за купена печка на пелет
Вкупно 120 барања за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети се доставени изминатите три дена до архивата на Град Скопје.
„Комисијата веќе почна да ги разгледува пристигнатите барања и во текот на наредната седмица ќе контактира со барателите, кои ги исполниле документациските услови, за да се утврди термин за увид на инсталираната печка“, информираат градските власти.Комисијата уште еднаш ги потсетува сите заинтересирани граѓани кои имаат намера да конкурираат за надоместување средства уредно да го пополнат образецот за барање во целост. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје на следниот линк http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775.Покрај пополнетиот образец заинтересираните граѓани треба да достават и: – Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење (објектот каде што е лоцирана печката на пелети);- Доказ во оригинал дека е извршено купување на печката на пелети, и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот.Пријавувањето ќе продолжи и во текот на наредната седмица, при што заинтересираните своите барања за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2016 година.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, сѐ до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

