Естрада
Стонси на Desert Trip ги свиреа Битлси

На првата вечер од мегафестивалот на рок великаните во калифорниската пустина легендарниот британски бенд The Rolling Stones ги изненади посетителите оддавајќи им признание на своите некогашни единствени ривали на светската музичка сцена не помалку значајните The Beatles.
Мик Џегер, легендарниот фронтмен на „камењата“, пред 75.000 посетители изјави дека групата сака да стори „нешто чудно“, да изведе песна „на една голема група“. Тогаш започнаа да ја свират „Come Together“, песна од претпоследниот албум на „бубачките“ „Аbby Road“.
Тоа беше еден од највпечатливите моменти од првата вечер на Desert Trip, фестивал кој во трите дена во клубот „Empire Polo“ во местото Индио во сојузната американска држава Калифорнија, ги собира највлијателните рокери во историјата, како The Rolling Stonese, The Who, Пол Маккартни, Роџер Вотерс, Боб Дилан и Нил Јанг.
Фестивалот во петокот го отвори Боб Дилан, повлечен на сцената како и вообичаено. Публиката не ја ниту поздрави, а меѓу изведбите на нумерите не изговори ниту збор.
Иако познат по тоа што на публиката ѝ го дава тоа што тој самиот го сака, овојпат ги задоволи желбите на обожавателите и ги отсвири некои од своите најпознати песни од 1960-те. Главно седејќи зад клавирот, концертот го започна со класиците, „Rainy Day Women #12 & 35“, „Don’t Think Twice, It’s All Right“, „Highway 61 Revisited“ и „It’s All Over Now, Baby Blue“.
По него The Rolling Stones уште еднаш демонстрираа феноменална енергија, иако сите, освен гитаристот Рон Вуд, добро ја надминаа седумдесеттата. „Нема вечерва да се шегуваме со годините, но добродојдовте во пензионерскиот дон за нежни англиски музичари“, рече Ми Џегер.
Започнаа со „Start Me Up“, а завршија со „I Can’t Get No Satisfaction“, а меѓу нив отсвиреа 17 свои класици и една песна од новиот албум кој ќе се појави во декември.
Организаторите најавија дека фестивалот „Desert Trip“ во двата викенда ќе привлече околу 150.000 луѓе, а неговата организација претставува кулминација на способноста на промоторот на фестивалот „Coachella“, кој секоја пролет се одвива на истото место, во клубот „Empire Polo“ во местото Индио во Калифорнија, и е еден од најголемите на светот.
На втората фестивалска вечер, во саботата, настапија Нил Јанг и Пол Маккартни, и подеднакво ја одушевија публиката.
Нил Јанг, кој исто така, има над седумдесет години, свиреше повеќе од два часа. Комбинирајќи го акустичниот и електричниот сет, меѓу другите ги изведе „After the Gold Rush“, „Heart of Gold“, „Harvest Moon“, а врв на неговиот настап беше десетминутната изведба на „Down By The River“.
„Вратете се утре навечер. Роџер Вотерс ќе изгради ѕид и Мексико повторно ќе биде голема држава“, изјави Нил Јанг во својата саркастична алузија на најавите на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
И додека Дилан и Јанг на сцената ја донесоа политиката, „Стонсите“ чистата енергија, Пол Маккартни, според критичарите во американските медиуми, понуди чиста радост и воздишки. Започна со „A Hard Days Night“, на одушевување на обожавателите на некогаш неговите „Битлси“, ѝ порача на публиката дека љубовта е сé што ѝ е потребно, а во продолжение ги комбинираше хитовите на легендарната ливерпулска четворка и своите од подоцната кариера со бендот The Wings.
Првиот викенд од фестивалот кој првпат во историјата на исто место ги собра легендарните музичари, ќе биде затворен во неделата вечерта со настапите на The Who и Роџер Вотерс. Сите тие повторно ќе настапат и во „репризата“ следниот викенд.
Влезниците за најдобрите места за сите три дена чинеа 1.599 долари и „Desert Trip“ веројатно ќе биде најпрофитабилниот фестивал во историјата. Во понудата се и пакети со храна и пијалаци од најдобрите ресторани и барови во Калифорнија. Тоа, сепак, е концерт за малку повозрасна публика од онаа којашто вообичаено патува по фестивалите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Почина Халид Бешлиќ

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.
Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.
Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.
Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.
Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм