Европа
Уште двајца уапсени за нападот во Ница
Француската полиција во неделата во Ница уапсила уште две лица, маж и жена, поради сомневања дека се поврзани со терористичкиот напад со камион во четвртокот вечерта во овој град кога беа убиени 84 лица а повеќе од 200 беа повредени, соопштиле за агенциите судски извори.
Француската полиција во неделата во Ница уапсила уште две лица, маж и жена, поради сомневања дека се поврзани со терористичкиот напад со камион во четвртокот вечерта во овој град кога беа убиени 84 лица а повеќе од 200 беа повредени, соопштиле за агенциите судски извори.
Петтемина уапсени претходно, меѓу кои е и сопругата на 31-годишниот Мохамед Лауеиж Булел по потекло од Тунис, и натаму се наоѓаат на испитување.
Терористичката група Исламска држава ја презема во саботата одговорноста за нападот, тврдејќи дека напаѓачот е припадник на оваа екстремна сунитска организација. Но француската истрага досега не покажа негова поврзаност со радикалните исламисти, туку бил регистриран како сите криминалец и насилни.
Ниту безбедносните служби на Тунис, каде што последен пат бил пред четири години, немаат сознанија за врски на Булел со исламистички радикални групи.
Неговиот татко во разговорите за медиуми тврди дека тој воопшто не бил религиозен, дека консумирал алкохол и дроги. Но неговиот брат изјавил дека тој неодамна на семејството во Тунис му испратил невообичаено голема сума од околу 100.000 долари
Булел во четвртокот вечерта, во време на огнометот по повод францускиот национален празник 14-ти јули во камионот по должина на две до три километра на познатото Англиско шеталиште во Ница усмрти 84 луѓе од кои десет се деца, пред да биде запрен и убиен од полицијата.
Со преглед на надзорните камери од улиците во Ница биле утврдено дека тој со камионот на 12-ти и 13-ти јули го обиколувал градот, а снимен е како вечерта пред нападот со велосипед доаѓа до паркираниот камион, го става во него и заминува за подоцна надзорните камери да го регистрираат непосредно пред нападот./крај/мф/сн
Извор: Reuters/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поранешниот грузиски премиер претепан од членови на проруската владејачка партија
Во Батму, град на брегот на Грузија, брутално беше претепан поранешниот премиер и лидер на опозициската партија За Грузија, Георги Гахарија, кој доби потрес на мозокот и скршеница на носот. За нападот се осомничени пратеници од владејачката партија Грузиски сон, а како што објави „Грузија тудеј“, нападот се случил во фоајето на хотелот „Шератон“.
My solidarity is with @GakhariaGiorgi. We are living in dangerous times. #TerrorinGeorgia pic.twitter.com/9JBnxcQ2BW
— Gocha Gogsadze (@gocha_gogsadze) January 15, 2025
Според грузиските медиуми, очевидци тврдат дека во нападот учествувале пратеникот од партијата Грузиски сон, Дмитриј Самхарадзе, со уште неколку лица. Полицијата соопшти дека повела постапка по член од Кривичниот законик за телесни повреди, но не ги коментираат информациите за вмешаност на пратеникот во инцидентот.
Медиумите посочуваат дека полициската патрола пристигнала на местото само 40 минути подоцна, многу подоцна од брзата помош. Во тоа време персоналот на хотелот веќе почнал да го чисти местото на инцидентот, а од клиниката во која бил пренесен Гахарија било пријавено дека тој одбил хоспитализација и ја напуштил болницата по укажаната прва помош.
JUST IN: For Georgia party leader and ex-PM Giorgi Gakharia attacked by regime MP and GD regional secretary Dimitri Samkharadze as well as Ajara Supreme Council members in Sheraton Batumi. Gakharia hospitalized. #terrorinGeorgia
According to journalist Gela Mtivlishvili. pic.twitter.com/DW2I39csCp— Marika Mikiashvili 🇬🇪🇺🇦🇪🇺 (@Mikiashvili_M) January 14, 2025
„Според достапните податоци, врз него е извршено физичко насилство. Извршени се клинички, лабораториски и инструментални прегледи. Пациентот е свесен, хемодинамиката е стабилна. Најтешките повреди се фрактура на носната коска и потрес на мозокот. Пациентот ја напуштил клиниката по своја слободна волја“, рече докторката Тако Шантаџе.
Партијата За Грузија објави соопштение во врска со нападот врз нејзиниот лидер и повика на итна и темелна истрага.
„Партијата За Грузија бара итна и темелна истрага за овој насилен напад организиран од режимот на Иванишвили и повикува сите одговорни да бидат целосно казнети. Овој политички мотивиран напад е јасен обид да се заплаши опозицијата и да се задуши несогласувањето. Таквите акции никогаш нема да ги замолчат гласовите што се борат за демократската и за европската иднина на Грузија“, се вели во соопштението.
Европа
Полскиот премиер тврди дека е постигнат напредок со Украина во врска со спорот од Втората светска војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Варшава во среда, соопшти кабинетот на полскиот премиер, по, како што го нарече Полска, пробивор во историскиот спор околу ексхумациите од времето на војната кој стоеше меѓу двата сојузници.
Иако Полска е еден од најверните поддржувачи на Украина по инвазијата на Русија во 2022 година, врските меѓу соседите беа затегнати со генерации поради убиствата во Волинија извршени помеѓу 1943 и 1945 година.
Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакрите извршени од украинските националисти. Илјадници Украинци исто така загинаа како одмазда.
Полска долго време бараше слободен пристап за своите експерти до местата каде што се верува дека се погребани останките на убиените, за да можат да бидат ексхумирани за достоинствен погреб.
Во петокот полскиот премиер Доналд Туск го поздрави „моментот на напредок“ во односите, велејќи дека Украина одлучила да ги дозволи првите ексхумации на жртвите.
Украина често ги споменува настаните во Волинија како дел од конфликтот меѓу Полска и Украина што ги погоди и двете нации.
Европа
Зеленски: Русија нападна со повеќе од 40 проектили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така го коментира нападот, кој објави дека руските сили лансирале повеќе од 40 проектили. Целта беше украинскиот енергетски сектор, рече Зеленски.
President @ZelenskyyUA:
Another massive russian attack. It’s the middle of winter, and the target for the russians remains unchanged: our energy infrastructure. Among their objectives were gas and energy facilities that sustain normal life for our people. Over 40 missiles were…— Defense of Ukraine (@DefenceU) January 15, 2025
Властите во западна Украина денеска објавија дека критичната инфраструктура била погодена во масивен руски ракетен напад.
Families, children, and the elderly pack Kyiv’s subway as another wave of Russian missiles targets Ukraine. pic.twitter.com/vko2dj7VTZ
— KyivPost (@KyivPost) January 15, 2025
Луѓето во Киев се засолнија во подземните станици во страв од руските напади.