Скопје
Општина Центар во инспекциски надзор на “Брилијант“ од Штип и седиштето на ВМРО – ДПМНЕ

Општина Центар, извршувајќи ги редовните работни задачи, продолжува со контрола на сите градби кои се изведуваат на нејзината територија. В среда, 2.9.2015, во 10 часот, овластен градежен инспектор ќе изврши контрола на градбата каде инвеститор е “Брилијант“ од Штип.
Градбата се наоѓа спроти Клубот на пратеници. Веднаш потоа, во 11 часот, инспекциски надзор ќе се изврши на градбата која се изведува на улица “Ѓуро Стругар“ ББ, чиј инвеститор е “Бетон“ од Скопје. Во овој објект, по завршувањето, треба да биде сместено седиштето на партијата ВМРО – ДПМНЕ.
Од инвеститорите општина Центар бара во среда да ја имаат комплетната документација за објектот, а за инспекцискиот надзор, општината до нив, достави уредно известување. Општина Центар, целата постапка со инспекцискиот надзор ќе ја води транспарентно, во присуство на јавноста. За ова интерес пројави и меѓународната заедница. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)