Скопје
Обуки за млади говорници во средните училишта
Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус започна со реализации на обуки за т.н. меки вештини во средните училишта на територија на општина Гази Баба – Средно училиште „Михајло Пупин“, Средно училиште „Боро Петрушевски“, Средно училиште „Панче Арсовски“ и Средно училиште „8 Септември“ во рамките на проектот „Инвестираме во вештините на нашите млади граѓани, инвестираме во нашата општина“ финансиран од општина Гази Баба.
Основна цел на проектот е да се унапредат и развијат т.н. „меки“ вештини кај младите и невработени лица од општината со цел нивен поуспешен влез на пазарот на трудот или во високото академско образование. Со подготовката на младите, учениците преку обуките од областа на „меки“ вештините, ќе се зголеми на нивната самодоверба, ќе се подобри сопствената презентацијата и успешно ќе ги презентираат своите квалитети пред идните потенцијалните работодавци или академската заедница. Потребата од ваков вид на обуки е заради затворениот и изолиран начин на живот претежно само преку социјалните медиуми, младите луѓе се оградени од можноста постепено да ги стекнуваат овие вештини во својот живот и затоа овие обуки претставуваат можност со која тие би ги стекнале потребните вештини. Со напуштањето на средното училиште, и нивното продолжување понатаму во високите образовни институции или пазарот на трудот, младите се среќаваат себе си со недостаток на вештини кои се понекогаш и предуслов за напредок во кариерата или образованието. „Преку реализација на овој проект ќе се надмине недостатокот од директна интеракција на младите со нивното опкружување и ќе се унапредат нивните вештини во областа на комуникациите, јавното говорење, тимско работење и презентирање. Истовремено активностите кои се реализираат во овој проект е и да се промовира и да се поттикне поголемо учество на младите во општеството“, вели Пекевски Синиша – претседател на Концепт плус.Со обуките кои ќе бидат реализирание, младите луѓе ќе го надминат својот страв од јавното говорење и презентирање, ќе можат без страв да го преземаат водството во свои раце секогаш кога тоа се бара од нив и ќе научат како да бидат добри соработници, колеги и пријатели. Проектот „Инвестираме во вештините на нашите млади граѓани, инвестираме во нашата општина“е финансиски поддржан од општина Гази Баба, а го имплементира Здружението на граѓани КОНЦЕПТ Плус во 2016 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




