Контакт

Здравје

Жена на 62 години роди девојче во Шпанија

Објавено пред

„Јас сум најсреќната жена на светот“, му рекла 62-годишната родилка на шпанскиот доктор кој ја пораѓал во понеделникот и на свет донела здраво девојче, со што стана една од најстарите жени кои родиле во светот.
 

dobivaj vesti na viber

Лина Алварез, од Луго на северозападот на Шпанија во регионот Галиција, се најде на насловните страници кога објави дека е бремена во толку одминати години, со што поттикна национална дебата дали треба да се одреди граница над која нема да биде дозволено да се прави инв-витро оплодување.Во понеделникот, нејзиното девојче, кое исто така се вика Лина, се роди со царски рез и тежи 2.38 килограми.Лина е трето дете на Алварез, која е во менопауза веќе 20 години. Таа веќе по природен пат го родила синот Ексиквито, кој има 28 години, но страда од церебрално нарушување, поради рутински тест лошо направен додека бил во матката на мајка си. Пред десет години, таа го рдоила вториот син Семјуел, кој е зачнат со ин витро постапка.Но, Алварез по секоја цена сакала трето дете, а многу доктори ја одбиле со оглед на нејзината возраст. Сепак, лекарот кој ѝ помогнал да забремени, а кого не сака да го каже со име и презиме, рекол дека ќе направат тестови и ако се покаже дека сé е во ред, ќе ја почнат постапката. Сé било во ред, а ембрионот преживеал иако имао само шест отсто шанси за тоа.Одговарајќи на критицизмот на луѓето кои ја осудуваат што родила толку стара, таа вели: „Кога таа ќе има 30, јас ќе имам 90 години. Таа ќе биде одгледана од жена која постојано се развива“.Најстарата жена која е родила е Индијка, која роди на 70 години и донесе на свет син во 2015 година./крај/мф/бб

Забава

Има 51 година и супер обликувано тело: поранешната членка на „Спајс грлс“ изгледа брутално во бикини

Објавено пред

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.

dobivaj vesti na viber

Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.

Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.

Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.

Прикажи повеќе...

Забава

Витамин Ц или витамин Е: кој антиоксидант е најдобар за вашата кожа

Објавено пред

Се чини дека постојано се бараат чудесни комбинации што го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите.

dobivaj vesti na viber

Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неоспорни во светот на негата на кожата – витаминот Ц и витаминот Е.

И двете состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и кај дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува многубројни придобивки.

Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа

Од суштинско значење во борбата за сјајна кожа витаминот Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксидант познат по:

  • Го изедначува тенот: помага во намалувањето на темните дамки и хиперпигментацијата правејќи ја кожата посветла и посвежа;
  • Го стимулира производството на колаген: обезбедува цврстина и еластичност намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки;
  • Заштитува од фотостареење: кога се користи наутро, во комбинација со заштитен фактор, ја зголемува заштитата на кожата од УВ-оштетување и од слободните радикали;
  • Сепак, витаминот Ц може да ја иритира чувствителната кожа, особено во високи концентрации. Затоа, препорачливо е да се почне со помали проценти и постепено да се зголемува дозата;
  • Исто така, избегнувајте да го комбинирате со ретинол или АХА-киселини за да избегнете потенцијална иритација.

Витамин Е: хидратантен штит на кожата

Витаминот Е (токоферол) е липосолубилен антиоксидант познат по својата способност:

  • Длабоко хидрира: ја заклучува влагата во кожата спречувајќи дехидрација;
  • Ја зајакнува заштитната бариера: создава заштитен слој на површината на кожата спречувајќи губење вода и пенетрација на надразнувачи;
  • Го намалува воспалението: ги смирува црвенилото и иритацијата, идеален за сува и чувствителна кожа;
  • Заштитува од оксидативен стрес: ги неутрализира слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето и од загадувањето;
  • Она што го прави витаминот Е уште поефикасен е неговата способност да ги подобри стабилноста и ефикасноста на другите антиоксиданти, особено кога се комбинираат со витамин Ц.

Дуо од соништата: комбинација од витамини Ц и Е

За максимална заштита и сјајна кожа експертите препорачуваат комбинирана употреба на двата витамина.

Кога се користи заедно, витаминот Е го стабилизира витаминот Ц овозможувајќи му да работи поефективно и ја подобрува заштитата од оштетување од УВ.

Идеалната комбинација содржи 15 % витамин Ц и 1 % витамин Е, кој обезбедува оптимална антиоксидантна моќ и видливо го подобрува изгледот на кожата.

Кој витамин е најдобар за вас?

  • Ако имате проблеми со хиперпигментација, безживотна кожа или знаци на стареење – витаминот Ц е вашиот сојузник;
  • Ако имате сува или чувствителна кожа, склона кон иритација – витаминот Е е вистинскиот избор;
  • Ако сакате сеопфатна нега и заштита – користете ги двата витамина заедно за максимален ефект.

Совети за правилна употреба:

  • Почнете полека: постепено внесувајте витамини за да избегнете иритација;
  • Нанесете наутро: идеално време за витамини Ц и Е е по чистењето на лицето, пред да нанесете заштитен фактор;
  • Секогаш користете крем за сончање: витаминот Ц може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, така што дневниот заштитен фактор е задолжителен чекор;
  • Изборот помеѓу витамин Ц и витамин Е зависи од вашите специфични потреби и од типот на кожата. Сепак, комбинираната употреба на овие моќни антиоксиданти дава најдобри резултати обезбедувајќи ѝ на кожата сјај, цврстина и долготрајна заштита;
  • Инвестирајте во квалитетни серуми и дозволете вашата кожа да блесне во полн сјај!
Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кората од ова овошје го нарекуваат природен ботокс: дали е навистина така

Објавено пред

Убаво и негувано лице е целта на секоја жена која се грижи за себе, а многу често сме во дилема како треба да се однесуваме кон него, кои производи да ги користиме, а кои не вредат.

dobivaj vesti na viber

Фактот дека брчките е невозможно да се избегнат загрижува многумина, но секако дека постојат начини да ги забавите.

Покрај скапите производи што ги користат многу жени, на „Тик ток“ стануваат вирални видеата со природен трик за успорување на брчките.

@yourmategingerkate 🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌 #naturalskincare #skincare #antiaging #antiagingskincare ♬ original sound – Kate 👩🏻‍🦰

Иако се се повирални видеата со ова овошје, дерматолозите објаснија дека нема докази дека кората од банана делува на брчките.

„Нема научни докази кои сугерираат дека триењето на кората од банана на кожата може да помогне при брчки, темни кругови или воспаление“, вели д-р Тејлор Булок од Клиниката во Кливленд.

Бананите можат да бидат ефикасни во негата на лицето благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, но тешко дека ќе забележите ефект во однос на намалување на брчките. Иако, не ве чини ништо да се обидете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија8 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија10 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија10 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија11 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија12 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија12 часа

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ13 часа

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија15 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет15 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа15 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија15 часа

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет16 часа

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет17 часа

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија1 ден

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија1 ден

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија1 ден

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ1 ден

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија1 ден

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија1 ден

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...