Скопје
Угината крава на кејот на Вардар, не се знае нејзиното потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши увид на местоот каде беше пронајдена угинатата крава на кејот на Вардар во Скопје, при што утврди дека нема идентификациска ознака врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува.
Како што информираат од АХВ, ветеринарот излегол на терен и направил увид врз основа на добиен повик од Центарот за управување со кризи, постапувајќи по пријава на граѓанин дека во близина на кејот на Вардар има угинато животно – крава.„Со контролата констатирано е дека угинатото животно нема идентификациска ознака – ушна маркица врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува. Официјалниот ветеринар на Стационарот за хуман третман на животните изрече мерка за вршење темелна дезинфекција на кејот на Вардар, со цел спречување евентуално ширење на заразни болести“, соопшти АХВ.Во соработка со Бригадата за противпожарна заштита и Комуналното претпријатие, угинатото животно е извадено од водите на Вардар и нештетно е уништено во депонијата Дрисла./крај/со/бб
Извор: MIA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски изврши увид во училиштето Димитар Миладинов: Целосно ги реконструираме фискултурната и свечената сала

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во реконструкцијата што се одвива во ООУ „Димитар Миладинов“, каде во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив.
Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови скалила, обновен паркет и подобрени услови за користење, извести Општината.
„Подобрувањето на училиштата останува еден од нашите клучни приоритети. Со реконструкцијата во училиштето „Димитар Миладинов” создаваме современи, безбедни и инспиративни простори во кои децата ќе можат да учат, да спортуваат и да се развиваат. Инвестицијата во нивното образование и здрав развој е инвестиција во иднината на Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Реконструкцијата на Свечената сала, предвидува целосно нова бина и нови скалила, а постоечкиот паркет се струга и лакира. Во тек се молерисувањето на ѕидовите, замената на плафонските светла со штедливи, оспособувањето на прозорците за отворање и отстранување на стара остава со непотребен материјал.
Паралелно, се работи и на меѓупросторот, каде се заменува оштетениот под и се изведуваат молерисувачки зафати, се додава во соопштението од Општината.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)