Скопје
Изградба на четири нови пешачки мостови во Општина Илинден

Скопската општина Илинден продолжи со реализација на капиталниот проект „Изградба и санација на 10 мостови“, во рамките на кој почнаа да се градат четири нови пешачки мостови.
Мостовите со должина од 14 метри и широчина од 3 метри се градат над Главниот отворен одводен канал, и тоа два моста во населба Илинден (едниот ги поврзува ул. „9“ и ул „8“, а другиот ул.„535“ со ул.„500“) и два во н.м. Марино (со едниот се поврзува ул.„534“ со ул. „532“, а со вториот локалитетот Спортски центар се поврзува со ул.„531“).
Вкупната инвестиција за изградбата на четирите мостови изнесува 12 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден
Проектот „10 Мостови“ обезбедува изградба и санација на десет надвозници и мостови со што се обезбедува подобра и побезбедна комуникација, значително се олеснува движењето и се придонесува за подобрување на условите за квалитетен живот на населението.Покрај овие четири мостови, во Општина Илинден во тек се градежни активности за изградба на уште три мостови и тоа еден сообраќаен во Мралино и два пешачки во населените места Миладиновци и Бујковци.
Новиот армирано бетонски плочест мост во Мралино се гради на местото на стариот и дотраен руиниран премин кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.Во населено место Миладиновци во тек е изградба на пешачки мост над Сува река за поврзување на ул. „5“ со ул. „2“, а нов мост се гради и на местото на стариот и дотраен руиниран премин кој се наоѓаше пред Домот на култура „Бујковци“./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)