Регион
Србија: Автомобил полн со оружје пронајден крај семејната куќа на Вучиќ

Полицијата во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ во белградската населба Јајинци нашла автомобил со оружје, објавија во саботата вечерта белградските медиуми, а премиерот одби да ја коментира информацијата велејќи дека ја чека информацијата од Безнедносно-информативната агенција (БИА).
Електронското издание на весникот Блиц наведува дека оружјето било во сандаци во автомобил покрај шеталиштето кон спомен паркот Јајинци, во близина на семејната куќана таткото на Александар Вучиќ во којашто српскиот премиер често престојува.
По пријава од граѓани за сомнително возило, полицајците нашле рачен фрлач М-80 познат како „зоља“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција калибар 7,62мм, како и неколку куршуми за автоматско оружје.
Изворите на Блиц тврдат дека сандаците со оружјето сенајдени во блиндиран автомобил, а провладината Телевизија Пинк наведува дека автомобилот е најден на околу 50 метри од патот кој води до семејната куќа на премиерот Вучиќ.
Српскиот премиер во саботата ноќта одби да ги коментира медиумските написи, додека не добие релевантни информации. „Не можам да давам никакви изјави додека не добијам информација од БИА и од полицијата. Тоа е сето што можам да го кажам во овој момент“, изјави Вучиќ за новинарите.
Засега нема официјални соопштенија ниту од БИА, ниту од Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изрази „голема загриженост“ во врска со откривањето на автомобилот со оружје и откри дека српскиот премиер „се наоѓа на безбедна локација“, пренесува агенцијата Танјуг.
Според неофицијални информации, српското државно обвинителство побарало ДНК анализа на отпечатоците од рачниот фрлач „зоља“, бомбите и муницијата, за што поскоро да се утврди како тој арсенал се нашол во близина на семејната куќа на премиерот.
Министерот за труд и социјална грижа Александар Вулин ги повика надлежните институции да одговорат „кој подготвувал убиство на премиерот“ Вучиќ и истакна дека оние кои „не се во состојба на тоа да одговорат треба да заминат и да им ги препуштат местата на оние коишто сакаат да работат“.
„Ова сигурно не е првпат, а за жал нема да биде ниту последен, да се подготвува убиство на премиерот и на членови на неговото семејство доколку конечно не ги дознаеме имињата на тие луѓе, и по чиј налог тоа го права“, реле Вулин
Според медиумите, полицијата го блокирала подрачјето во кое е најден автомобилот со оружје, со строга контролана сообраќајот и движењето во таа област./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Регион
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.
Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи, Георги Георгиев“, објави „Бгнес“.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.
Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.
„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.
Жељазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и договорот за добрососедство, според написите во медиумот.