Скопје
Центар: Го поместивме објектот на новото училиште за да спасиме 18 дрвја

Општина Центар го помести објектот на новото основно училиште во Капиштец, во склоп на самата градежна парцела, за 2,7 метри.
„Со ова се спасуваат од сечење 18 дрвја, односно 50 проценти од постоечките дрвја на самата парцела ќе бидат зачувани. Во дворот на новото училиште ќе бидат посадени нови 40 високошколувани дрвја, со што практично бројот на дрва ќе биде зголемен и ќе има вкупно 58“, соопштуваат од Општината. Во следните неколку денови,како што информираат од Центар, „Паркови и зеленило“, јавно претпријатие на Град Скопје, ќе започне со отстранување на дрвјата, од кои најголем дел се стари и заболени.Општина Центар продолжува со градежните активности за изградба на првото основно училиште во Капиштец./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар