Забава
Месечината на „фејслифтинг“ на секои 80.000 години
Месечината е изложена голем дожд од вселенски камења што неговата површина на секои 81 илјада години целосно го променува изгледот, заклучуваат научниците врз основа на податоците што ги собира американската вселенска агенција NASA, се наведува во студијата објавена во списанието Nature.
Промените, коишто ги зафаќаат првите два сантиметра од површината на Месечината, се случуваат сто пати почесто отколку што досега сметаа научниците.
Во својата најнова студија, научниците, исто така, проценуваат дека астероидите и кометите кои падаат на единствениот природен сателит на Земјата во просек на годишно ниво создаваат околу 180 нови кратери со дијаметар од најмалку десет метри.
Ова откритие е резултат на фотографиите коишто ги сними сондата „Lunar Reconnaissance“, којашто ја мапира Месечината од 2009 година.
Споредувајќи ги фотографиите од истите подрачја во редовни интервали, групата научници предводена од Емерсон Спејерер од универзитетот во Аризона била во можност да изброи нови кратери и да ја истражи површината на месечината.
„Детектиравме 33 отсто повеќе кратери со дијаметар од најмалку 10 метри во однос на оние што ги предвидуваше минатиот модел“, вели Спејерер
Научниците забележале и илјадници помали промени на површината кои ги опишуваат како „лузни“ од помалите удари, оние кои не создаваат кратери.
И Земјата е секојдневно заплисната од дожд од астероиди и метеори, но планетата е заштитена со густата атмосфера. Дури и вселенско летало со дијаметар од 25 метри би согорело и би се дезинтегрирало во атмосферата на Земјата без да предизвика каква и да е штета./крај/мф/сн
Извор: Nature
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.