Регион
Турскиот парламент го потврди продолжувањето на вонредната состојба
Турскиот парламент ја потврди во вторникот вечерта одлуката на владата за продолжување на вонредната состојба за уште три месеца, воведена по неуспешниот државен удар од ноќта на 15-ти јули.
Вонредната состојба е продолжена за 90 дена, почнувајќи од 19-ти октомври, во еден час по полноќ по локално време. Гласањето во парламентот беше само формалност, бидeјќи владејачката Партија на правото и развојот (AKP), исламско-конзервативна партија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има мнозинство во парламентот.
Кон крајот на септември Ердоган се залагаше за продолжување на вонредната состојба и оцени дека не е доволен почетниот период од само три месеца, и спомена дури и продолжување на дванаесет месеци.
По неуспешниот обид за воен преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули, на 20-ти јули беше воведена вонредна состојба во траење до три месеца, којашто завршува на 19-ти октомври. Турските власти го оправдуваат воведувањето на овие вонредни мерки со продолжувањето на истрагата поврзана со обидот за пуч од страна на фракција во вооружените сили, за што го обвинуваат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД.
Во врска со тие обвинувања во Турција се спроведуваат масовни чисти во државната администрација и воопшто во општеството – од министерствата, образованието, универзитетите, спортот, полицијата, војската, кривичните судови и медиумите, на осомничените за припадност на ѓулевистичкото движење Хизмет, па така
Според последните податоци од официјални извори од крајот на септември, уапсени се 32.000 лица, а против 70.,000 се водат истраги./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

