Контакт

Бизарно

Одгледуваат свињи за дегустација со виски

Објавено пред

На мала фарма во Вудвард, во американската сојузна држава Ајова, во отворени кафези се одгледуваат 25 свињи кои ги хранат така што нивното месо по вкусот најмногу да договара со консумирање виски.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за свињи со боја на кожата на црвена цигла коишто изгледаат во целосна форма, пренесува AFP. Но не станува збор за нов вид „свињи одгледувани на алкохол“. Тимот од ексклузивните  дестиларии „Templeton Rye“ сакал да се обиде во нешто ново, за потенцијалните консументи подобро да го запознаат нивниот пијалак.Велат дека идејата не им е животните секој ден да добијат порција од „еликсирот“. Меѓутоа, исхраната на свињите, којашто ја осмислил нутриционист експерт за свинска исхрана, опфаќа 20 отсто од ширата од ’рж, ист каков што се користи во производството на вискито „Templeton Rye“ пред ферментацијата. Свињите наближуваат кон идеалната тежина за колење од 95 килограми, и остануваат до тој момент уште само неколку седмици. Одбрана е чистата раса „Дурок“, позната по отпорноста, мускулатурата и квалитетот на месото.„Каков ефект може да има ’ржта врз вкусот на месото, сé уште не знаеме“, изјавил сопственикот на дестилериите Скот Буш. Добиле околу 200 барања од четири различни земји. Некои претенденти испратиле и долго мотивациско писмо, додал.Среќниците ќе го добијат животното следните седмици за цена од 699 долари, вклучително и главата и папците./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија6 часа

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет9 часа

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет11 часа

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија11 часа

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија12 часа

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија13 часа

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ16 часа

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа17 часа

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија18 часа

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Регион18 часа

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...

Свет18 часа

Дали имало траги од куршуми на хеликоптерот? Објавен е прелиминарен извештај за падот на авионот на иранскиот претседател

Трупот на хеликоптерот на починатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, се запалил откако удрил во рид, се наведува во прелиминарниот...

Свет19 часа

САД воведува визни ограничувања за Грузијците: „Вреди за оние кои ја гушат демократијата“

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го...

Европа19 часа

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во...

Регион1 ден

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше...

Македонија1 ден

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија2 дена

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија2 дена

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија2 дена

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија2 дена

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...