Контакт

Здравје

„Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од истражувањето на „Лав енд грин“

Објавено пред

Дел од македонските медиуми изминативе денови објавија текстови врз основа на статија која што на 25 октомври излезе во „Ле паризиен“. Француската публикација сподели делумни резултати од студија која што беше нарачана од „Лав енд грин“, компанија за производство за детски пелени, а не од асоцијацијата „Асеф“, како што беше наведено во текстот.
 

dobivaj vesti na viber

Со цел јавноста вистинито да се информира, „Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од наведеното истражување. Компанијата уште еднаш потврдува дека не додава ПАХ-состојки (полициклични ароматични хидрокарбонати), спротивно од тоа што е наведено во преземените текстови. „Сите комппоненти во нашите пелени се строго избрани и оценувани до најситниот детаљ. Тие се во согласност со строгата Европска регулатива Reach која што гарантира безбедно производство и користење состојки. Пред нашите производи да излезат на пазарот, тие со исклучителна сериозност клинички се тестираат од научници, експерти и независни педијатри“, истакнуваат од „Памперс“.Од компанијата велат дека за да се заштити бебешката кожа, тенка наслага лосион е вметната во внатрешниот слој на пелените со цел да се намали можноста од осип. Притоа, тие укажуваат дека петролатумот содржан во лосионот во пелените „Памперс“ е прочистен и целосно безбеден за бебињата. Ова е потврдено од докторот и педијатрискиот дерматолог, професор Даниел Хол, поранешен претседател на Европската асоцијација на педијатриска дерматологија.„Детално го проучив тестирањето за сигурност што „Памперс“ го спроведува и лично потврдувам дека овие производи се совршено безбедни за бебешката кожа. Петролатумот е инертната компонента која не само што секојдневно се употребува во козметиката туку и широко се препорачува од дерматолози и од педијатри за заштита на бебешката кожа“, вели д-р Хол.    „Памперс“ уште еднаш истакнува дека состојките на овој лосион се во согласност со европските регулативи за козметика. Истите редовно се проверуваат од европските здравствени институции./крај/со/бб

Забава

Најдобрата напивка за слабеење: едноставна и идеална за лето

Објавено пред

Освен што ги топи вишокот масни наслаги во телото, го смирува стомакот и ја намалува надуеноста, па затоа нема причина да не го консумирате секојдневно.

dobivaj vesti na viber

Ако традиционално сте одлучиле да почнете да се храните поздраво и да вежбате повеќе околу два месеци пред летната сезона, или ако сте одлучиле да ослабете среде лето, можеби овој одличен пијалок, за кој експертите тврдат дека е најефикасен во топењето на вишокот масти во телото, ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки:
– 1 литар вода

– 1/2 грејпфрут

– 1 мандарина

– 1 краставица

– 4 до 6 големи листови нане

– мраз

Подготовка:
– Излупете ги и исечете ги грејпфрутот, мандарината и краставицата на парчиња.

– Додадете ги сите состојки во бокал со вода и оставете го во фрижидер.

– Оставете преку ноќ.

– Промешајте го пијалокот наутро и пијте го во текот на денот.

Сите овие состојки имаат свои интересни придобивки: од стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, забрзување на согорувањето на калории, намалување на надуеноста до зголемување на чувството на ситост и смирување на желудникот.

Прикажи повеќе...

Забава

Трик за хидратација на кожата што ги излудува жените: ќе се каете што не сте почнале порано

Објавено пред

Заборавете на негата на кожата во десет чекори и сложените рутини кои одземаат повеќе време од вашето утринско кафе.

dobivaj vesti na viber

Нова опсесија за нега на кожата се нарекува „skin flooding“, техника која вклучува нанесување на хидратантни креми во слоеви додека кожата е сè уште влажна, за да се максимизира секоја капка влага и активни состојки.

Концептот е всушност многу едноставен, но многу ефикасен!

Наместо да чекаме лицето да се исуши по миењето, веднаш почнуваме да го хидрираме додека е сè уште влажно, прво со лесен тоник или термална вода, потоа преминуваме на серум со хијалурон или глицерол, и го запечатуваме сè со побогат хидратантен крем што спречува испарување на влагата.

Доколку вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, можете да ја завршите вашата рутина со дополнителен слој масло или балсам за да се осигурате дека она што сте го нанеле претходно ќе остане длабоко во вашата кожа.

Поентата е дека сите производи се нанесуваат еден по друг без чекање, додека кожата е сè уште еластична и отворена за апсорпција, исто како кога растението подобро апсорбира вода од влажна почва.

Овој ефект на „плакнење“ на кожата не само што обезбедува моментално чувство на мекост и свежина, туку на долг рок помага во зајакнување на бариерата на кожата, го враќа сјајот и го прави тенот да изгледа пополн, поздрав и поеластичен. Овој метод е особено корисен во периоди кога кожата изгледа безживотно, затегнато или иритирано – на пример по изложување на сонце, ветер или централно греење.

Најдобриот дел е што ова не бара скапи производи или многу време, туку само промена на пристапот, т.е. користење на производите што веќе ги имаме во нашата рутина малку попаметно. Иако доаѓа од сферата на „Тик-ток“, овој тренд има и своја дерматолошка логика бидејќи се базира на задржување на влагата во кожата, што е основа на здрава, избалансирана и сјајна кожа.

Ако сакате тен кој изгледа одморен, сјаен и свеж без шминка или филтри, овој начин на хидратација лесно може да стане ваш нов омилен ритуал за убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

Осум едноставни трика за исхрана, кои го имитираат ефектот на „оземпик“

Објавено пред

Малите промени во вашата исхрана може да ги активираат хормоните за контрола на апетитот и губење на тежината, без да трошите пари на лекови.

dobivaj vesti na viber

Ако не можете или не сакате да набавите „оземпик“ или слични лекови за слабеење, но сакате да ослабите, еден доктор споделува осум едноставни совети, кои може да ги имитираат ефектите на лековите GLP-1, и тоа сосема природно и бесплатно.

Д-р Марија Скурбутакос, предавач на Одделот за семејна и општа медицина на Универзитетот во Торонто и доктор по нутриционизам, неодамна напиша статија за The Conversation, во која објаснува како одредени навики во исхраната може да го стимулираат природното лачење на хормонот GLP-1 (кој го регулира шеќерот во крвта и чувството на ситост), а со тоа да го поттикнат губењето на тежината.

Иако природниот начин трае подолго за да се видат резултати, докторката истакнува дека ваквите промени може да го намалат ризикот од срцеви заболувања за дури 10 % повеќе од лековите како „оземпик“. Покрај тоа, ваквите навики може да помогнат во одржувањето здрава телесна тежина на долг рок.

Еве осум начини како можете да го забрзате губењето на тежината – денес:

1. Јадете заситен појадок

Студија од 2009 година покажа дека телото реагира на храна побргу наутро отколку попладне. Појадокот стимулира побрзо лачење на хормонот GLP-1, што ве прави да се чувствувате сити.

Затоа – никогаш не прескокнувајте го појадокот!

2. Ручекот нека биде помал, а вечерата најмала

Распределбата на калориите во текот на денот игра голема улога. Студија од 2013 година покажа дека жените што јаделе 700 калории за појадок, 500 за ручек и 200 за вечера изгубиле повеќе тежина и имале помал обем на половината од оние што вечерата ја правеле свој најголем оброк.

3. Додајте влакна во секој оброк

Влакната се број еден природен засилувач на хормонот GLP-1. Дури и без ограничување на калориите, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да ослабите.

Храна богата со растителни влакна:

Зеленчук: брокула, моркови, спанаќ, артичоки, слатки компири (со кора);
Овошје: малини, круши и јаболка (со кора), банани, портокали, авокадо;
Цели зрна: овесна каша, киноа, кафеав ориз, јачмен, леб од цело зрно;
Мешунки: леќа, црн грав, наут, зелен грав;
Јаткасти плодови и семки: чиа, лен, бадеми, ф’стаци, сончоглед;
Препорачано дневно внесување растителни влакна: 25 g за жени, 34 g за мажи.

4. Додајте незаситени масти

Покрај растителните влакна, важни се и мононезаситените масти (т.н. MUFA). Тие помагаат во регулирањето на холестеролот, намалувањето на воспалението и зголемувањето на лачењето на хормонот GLP-1.

Одлични извори вклучуваат: маслиново масло, авокадо, бадеми, лешници, семки од тиква, маслинки, путер од кикиритки.

Се препорачува 15-20 % од вашите дневни калории да доаѓаат од MUFA-масти.

5. Ужина со ф’стаци

Ф’стаците се богати со растителни влакна и здрави масти. Студија од 2014 година покажа дека тие природно го зголемуваат нивото на хормонот GLP-1. Покрај тоа, тие може да помогнат во заштитата на вашиот вид од сина светлина како што стареете.

6. Јадете по следниот редослед: првин протеини, потоа зеленчук, па јаглехидрати

Студиите покажуваат дека јадењето протеини пред јаглехидрати ги зголемува нивоата на GLP-1. Значи, следниот пат кога ќе јадете – првин месо, потоа зеленчук, па тестенини или леб.

7. Изберете цврста храна наместо кашеста или течна

Дури и самото џвакање храна стимулира подобар хормонален одговор. Студија од 2024 година откри дека GLP-1 се зголемува кога јадеме цврст зеленчук за разлика од пире.

Значи – помалку смути, повеќе салати.

8. Јадете бавно

Бавното јадење му овозможува на телото да препознае ситост и да го координира лачењето на хормонот GLP-1. Кога јадеме премногу бргу, честопати јадеме повеќе отколку што ни треба бидејќи чувството на ситост доаѓа доцна.

Продолжете го времетраењето на оброците и ќе се чувствувате сити со помалку храна.

Со воведување на овие осум навики во вашата дневна исхрана можете природно да активирате хормони што го поддржуваат губењето на тежината – без лекови, без стрес и без трошоци, пишува Best Life.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија10 часа

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија10 часа

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ11 часа

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет12 часа

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија14 часа

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет14 часа

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет14 часа

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија1 ден

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија1 ден

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...

Свет1 ден

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и...

Свет2 дена

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...

Свет2 дена

(Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и...

Македонија2 дена

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија2 дена

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија2 дена

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...