Црна хроника
И се претставил дека и е внук од Шведска и украл 200 денари

Непознат разбојник нападнал скопјанка во средата наутро околу 11.40 часот.
Додека седела во дворот влегол разбојникот и се претставил дека и е внук од Шведска, ја однел во летната кујна каде извадил пиштол и го вперил во неа, по што и побарал пари. После тоа одзел 200 денари кои биле на масата и и се заканил дека ќе ја убие ако повика помош, по што излегол од нејзиниот двор и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.