Компании
SpaceX ги сомничи конкурентите за вмешаност во експлозијата на неговата ракета
Американската компанија „SpaceX“ се сомнева на вмешаност во хаваријата на нејзината ракета „Falcon 9“ од страна на директниот конкурент конзорциумот „United Launch Alliance“ (ULA), пишува весникот The Washington Post.
Kомпанијаt „SpaceX“ е една од двете приватни компании кои американската агенција за вселенски истражувања NASA ги ангажираше како превозници за доставување опрема на Меѓународната вселенска станица (ISS), а превозот го врши со капсулата „Dragon, за повеќекратна употреба која ја лансира со ракетите „Falcon 9“.Со ракетата „Falcon 9“, SpaceX“ имаше неодамна проблеми при приземјувањето на платформата која плута на океанот, но ракетата беше двапати успешно приземјена на почва. Ракетата експлодираше на 1-ви септември при лансирањето од близина на Кејп Канаверал на ФлоридаВесникот пишува дека „претставници на „SpaceX“ го посетиле објектот на ULA во Кејп Канаверал, во сојузната американска држава Флорида, и побарале да добијат пристап до покривот на една од зградите на конзорциумот“, која се наоѓа во близина на лансирната рампа на којашто се случи хаваријата.„Во рамките на истрагата за инцидентот од SpaceX сакаа да проверат една од сомнителните функции“, рекол за весникот The Washington Post извор во компанијата., Според неговите сознанија, експерти од компанијата на снимката од експлозијата откриле „чудна сенка, а пота и бела дамка“ на блиската зграда на ULA.Претставник на „SpaceX“ на конкурентот му објаснил дека неговата компанија „се обидува да работи на сите можни верзии“ за инцидентот. Сепак, челниците на ULA не му дозволиле да се качи на покривот од таа зграда. Во конзорциумот бил повикан експерт од воздухопловните сили на САД, кој „го истражил покривот и не нашол ништо што би можело да биде доведено во врска со експлозијата на ракетата“ на конкуренцијата. Со ова, истакнува весникот, ситуацијата со „продолженото непријателство“ меѓу двете компании кои си конкурираат за скапиот договор со владините институции „може да добие ненадеен пресврт“. Притоа во на написот се истакнува и дека и самиот сопственик и извршен директор на „SpaceX“, Илон Маск не ја негира „верзијата за саботажа“. Инаку „United Launch Alliance“ (ULA) е заеднички конзорциум на компаниите „Lockheed Martin“ и гигантот во производството на авиони „Boeing“. Како што пред извесно време соопштија од „SpaceX“, досега собраните податоци укажуваат на појава на пукнатина во системот за снабдување со хелиум во резервоарот со течен кислород во вториот степен од ракетата носач. Хелиумот служи за одржување на притисокот во резервоарот.На 1-ви септември од лансирната рампа на „SpaceX“ на космодромот Кејп Канаверал експлодираше ракетата „Fakcon 9“ со израелскиот комуникациски сателит „Amos-6“, тежок 5,5тони чија вредност е проценета на 200 милиони долари, на компанијата „ Space Communication“ чие седиште е во Израел, а уредот имале намера да го користат „Facebook“ и францускиот комуникациски оператор „Eutelsat“, и со него да овозможат пристап до интернет за жителите на неколку региони во Африка.Сопственикот на уништениот сателит „Space Communication“ потврди дека има намера од „SpaceX“ да бара отштета во износ од 50 милиони долари или бесплатно лансирање поради загубата на „Amos-6“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

