Европа
Блер ги повикува противниците на Brexit да организираат втор референдум

Поранешниот британски премиер Тони Блер рече во петок дека нема пречки за одржување на втор референдум за членството на Обединетотот кралство во Европската унија(ЕУ), предупредувајќи дека излегувањето од Унијата би било „многу,многу тешко“, бидејќи европските челници не се склони кон простување.
Блер во текст во магазинот The New European ги повика поборниците за останување во ЕУ да се „мобилизираат и организираат“ против заговорниците на Brexit, истакнувајќи дека „ние сме сега бунтовници“.„Нема апсолутно никаква причина зошто би требало да исклучиме било какви опции“, рече Блер подоцна за BBC радиото.„Имаме право да продолжиме да размислуваме, ако е потребно, да ја промениме позицијата. Овде не станува збор за тоа дали елитата треба да го надгласа народот“, нагласи поранешниот британски премиер.„Ако стане јасно дека излегувањето не се исплатува или дека последиците ќе бидат толку сериозни што луѓето нема да сакат да ја напуштат Унијата, мора да постои некој начин, било преку парламентот или преку избори, можеби и со друг референдум“, појаснува Блер.Според него, Brexit е „катастрофа“ и откри дека неодамна разговарал со францускиот претседател Франсоа Оланд кој го уверил дека преговорите за Brexit ќе бидат „многу,многу тешки“.Британија ќе мора да ги прифати обврските во замена за пристап до заедничкиот европски пазар или ќе се соочи со „сериозни“ економски последици, предупредува Блер. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин