Скопје
Моден викенд Скопје како портрет на времето

Под мотото „Мода и културно наследство “, ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија.
Под мотото „Мода и културно наследство “, ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија.
Модното случување за сезоната есен/зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето . Културното наследство е еден од најзначајните сегменти од македонската историја и сведок на нашиот идентитет. Оваа есен, нашата безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова , безвременска приказна.Имиџот кој ќе ја претставува сезоната, има за цел да ја илустрира неминливоста на нашиот изворен идентитет и неговата важност како инспирација за создавање на дела од трајна вредност во сегашноста.„Низ современо толкување на традиционалните македонски шари и орнаменти, дизајн решението ја симболизира идејата дека стоејќи зад нашата традиција, го прошируваме и зацврстуваме културното богатство за генерациите кои доаѓаат.“, вели Јована Зука која го потпишува концепт-дизајнот за визуелниот имиџ.Во рамките на Моден викенд Скопје , ќе се одржат ревии, изложби, модни перфоманси и забави на неколку локации во градот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)