Црна хроника
Шестмина осомничени за злупотреба на функциите и овластувањата
Од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје во неделата е подесена кривична пријава против Е.Ј.Д (53), Д.Ѓ. (63), О.Н. (57), С.П. (57), М.Д. (58), сите од Скопје и Ј.К. (40) од Свети Николе, поради постоење на основи на сомнение дека како службени лица со раководна функција, вработени во Управа за јавни приходи (УЈП) регионална дирекција Скопје, извршиле кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ со што го оштетиле буџетот на РМ за износ од 8.442.509 денари, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.
Пријавените како раководни службени лица, вработени во Управата за јавни приходи регионална дирекција Скопје ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, на тој начин што иако знаеле дека даночното побарување за даночен долг во вкупен износ од 90.752.102 денари од даночниот должник „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ Скопје по основ на Данок на добивка, Данок на додадена вредност и Персонален данок од доход и по други основи е доспеано врз основа на издадени решенија за задолжување, со искористување на својата службена положба овластување и со неизвршување на службената должност свесно го попречиле, пролонгирале и оневозможиле спроведувањето на постапката за присилна наплата на доспеаниот даночен долг од даночниот должник.
Сите пријавени, секоја во својата област на постапување, не презеле активности за обезбедување на даночното побарување со воспоставување на залог, односно со запишување на заложно право во регистарот на заложни права со што на одговорното лице на даночниот должник “„ПП ЛЕПА ДООЕЛ“ Скопје, Л.О., му овозможиле временскиот период од околу три години да го искористи за пренесување на дел од своите побарувања во вкупен износ од 5.084.059 денари на фирмата „ЗБ ИПП ДООЕЛ“ Скопје.
Оваа фирма, во која основач е нејзиниот сопруг , а управител е нејзината ќерка, со склучување на договори за цесии и компензации во кои правното лице „ЗД ИПП ДООЕЛ“ Скопје е во улога на цесионер, е искористена за пренесување на целокупните залихи, средства за работа и ситен инвентар во вкупна вредност од 3.358.450 денари со кои располагал даночниот должник „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“.
На тој начин, поради неизвршување на службената должност од страна на пријавените, даночниот должник останал без имот и средства од кои што во постапка за присилна наплата на даночниот долг би можело да биде наплатен доспеаниот даночен долг./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Директорка на „Завод и музеј“ Битола незаконски си се унапредила на работното место
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.
Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
Црна хроника
Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР.
Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.
Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.
Црна хроника
Украл пари и нападнал вработена во казино во Охрид
Едно лице е осомничено дека украло пари и нападнало вработена во казино во Охрид.
Според информациите од полицијата, вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.

