Контакт

Регион

Кован: Трговијата со дрога во Албанија претставува опасност и за НАТО

Објавено пред

Американскиот експерт по тероризам Бил Кован, кој работи за „Фокс њуз“ оценува дека трговијата со дрога во Албанија преставува опасност и за НАТО.

dobivaj vesti na viber

Американскиот експерт за весникот „The Hill“ нагласува дека Вашингтон треба да посвети внимание на производството и трговијата со дрога во Албанија. Тој, како што пренесува албанскиот весник „Тема“, подвлекува дека „новиот американски претседател ќе има широка листа на проблеми меѓу кои е и проблемот со дрогата во Албанија. Проблемот, според него, е голем и за НАТО бидејќи земјата е членка на Алијансата.„Албанија сега наликува како Мексико или Колумбија на Балканот, што претставува проблем и за безбедноста на НАТО“, смета Кован. Тој оценува дека оваа состојба во Албанија го усложнува и прашањето на ИСИС, бидејќи во Албанија населението во мнозинство се муслимани. „Корупцијата  може да биде причина државниот врв да замижи во поглед на производството и трговијата со дрога и тоа да влијае и во безбедносната состојба  во земјата, но и во НАТО“, смета американскиот аналитичар. /крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

На охридското крајбрежје откриена можеби најстарата населба во Европа на езеро

Објавено пред

Археолозите велат дека пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро на албанската страна од Охридското Езеро за која се верува дека е стара до 8.000 години.

dobivaj vesti na viber

Тим научници од Швајцарија и Албанија поминуваат три часа под вода секој ден макотрпно отстранувајќи дрвени столбови на кои биле потпрени куќите, објави „Ројтерс“. Археолозите исто така наоѓаат коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детаљни резби.

Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн рече дека слични населби се пронајдени во алпскиот и во медитеранскиот регион, но населбата во Лин, Албанија, е половина милениум постара датирајќи помеѓу шест и осум илјади години.

„Органскиот материјал е добро зачуван бидејќи е под вода, што ни овозможува да откриеме што јаделе овие луѓе, што саделе“, рече Хафнер.

Неколку студии покажаа дека Охридското Езеро, кое се наоѓа помеѓу Македонија и Албанија, е најстарото езеро во Европа – повеќе од еден милион години.

Староста на наодите се утврдува со радиоизотопско датирање и дендрохронологија, која ги брои прстените на дрвјата. Од локацијата се собрани повеќе од илјада примероци од дрво. Се верува дека населбата, во која можеби живееле неколку стотици луѓе, се протегала на околу шест хектари, а сега, по шест години работа, ископан е само околу еден процент од вкупниот материјал.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Зебра избега од Зоолошката градина во Белград, повредени три лица

Објавено пред

Од трите лица повредени вчера кога зебра избега од ограден простор во Зоолошката градина во Белград, две се однесени во Военомедицинската академија, но се пуштени на домашно лекување бидејќи повредите биле полесни, соопшти утрово Ургентниот центар на ВМА.

dobivaj vesti na viber

Зебрата удрила во маж и го прегазила, по што му биле констатирани полесни повреди, додека другата жена била донесена во ВМА без физички повреди, но во состојба на шок, изјавија за РТС.

Од Зоолошката градина во Белград вчера, зебра избегала од ограден простор и повредила вкупно три лица, од кои едно било дете, кое било пренесено во Детска клиника.

Прикажи повеќе...

Регион

Три лица извлечени од морето во разни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Објавено пред

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти крајбрежната стража.

dobivaj vesti na viber

Во раните утрински часови во среда, 88-годишен грчки државјанин беше извлечен во несвест од морето во областа Агиос Андреас Малаконтас во Еретрија, според Прототема.

Неколку часа подоцна, 69-годишен српски државјанин беше извлечен во несвест од морето во Олимпискиот брег во областа Пиерија.

Во трет инцидент, друг грчки државјанин (61) беше извлечен од морето во пристаништето Милина во општина Јужен Пелион.

За сите три инциденти, надлежните пристанишни власти спроведоа прелиминарна истрага и беше наредена обдукција.

Вчера сите беа шокирани од веста за смртта на 13-месечно бебе од Србија, кое се задуши додека беше на плажа со своите родители на Халкидики. Момчето се задавило со храна додека било во бар на плажа во областа Ормос Панагиас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија2 часа

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ2 часа

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија4 часа

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ4 часа

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт5 часа

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...

Македонија6 часа

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...

Свет6 часа

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

„Волстрит џурнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година,...

Македонија20 часа

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија20 часа

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија21 час

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија21 час

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија22 часа

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија22 часа

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...

Македонија23 часа

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: „Има силен инетерес“

Владата соопшти дека рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари низ државата е продолжен до 23 јули...

Македонија24 часа

Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод и Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за...

Македонија1 ден

Партијата Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието...

Македонија1 ден

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за август

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога...

Македонија1 ден

Уапсена докторка од Битола поради примање поткуп

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од...

Македонија1 ден

Народниот правобранител Зибери замина во пензија

Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија, со што му престанува функцијата,...