Македонија
Промоција на книгата „Тајните на светските ПР експерти“
Светски познатата македонска компанија за организација на маркетинг настани Пи Ворлд на македонската публика ќе и ја претстави својата прва стручна книга „Тајните на светските ПР експерти“.
Светски познатата македонска компанија за организација на маркетинг настани Пи Ворлд на македонската публика ќе и ја претстави својата прва стручна книга „Тајните на светските ПР експерти“.
Промоцијата ќе се одржи, во петок на најголемиот настан во Македонија „Маркетинг Кингдом“, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје. Книгата ќе биде во продажба од 3-ти октомври 2016 година во сите книжарници на Издавачкиот центар ТРИ, како и на kniga.com.mk„Книгата е напишана од 12 светски експерти за односи со јавноста и нуди решенија за предизвиците во професијата. Нуди интересни идеи и размислувања на овие експерти за совладување на односите со јавноста во свет на постојани промени. Одлучивме да ја промовираме пред стручната јавност во Македонија со поддршка на Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија“, вели Коста Петров, основач и сопственик на Пи Ворлд, уредник на книгата „Тајните на светските ПР експерти“.Според неговата колешка, Мери Џо Џејкоби-Џефсон, оваа книга е различна од останатите затоа што собира „богатство од лични искуства и практични совети“.„Четириесет години во индустријата на комуникации и односи со јавност ме научија како да препознаам вистински експерт, а секој член на оваа фасцинантна група автори, индивидуално, е вистински пример за тоа. Заедно, тие претставуваат богатство од лични искуства и практични совети, кои нема да ги најдете на друго место. Како експерти, сите се зафатени личности, кои активно работат на корпоративните побарувања или побарувањата на клиентите, водат стратегиски сесии за размена и дискусија на мислење и се справуваат со куп барања. Големо барање е да ги убедите да ги споделат со читателите нивните грижливо чувани професионални тајни со пишување поглавје за оваа колекција. Фактот што ова издание постои кажува многу за нашиот уредник, раководител на овој проект, македонската инспирација, Коста Петров“, вели Мери Џо Џејкоби-Џефсон.Книгата која ги содржи размислувањата на меѓународните експерти од индустријата на односите со јавноста може да се купи во книжарниците низ Македонија. „Тајните на светските ПР експерти“ е поддржана од Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, која годинава одбележува пет години функционирање на македонскиот пазар./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

