Контакт

Компании

Форум за дијалог со заедницата на Цементарница УСЈЕ

Објавено пред

Цементарница УСЈЕ АД Скопје го претстави Извештајот за корпоративна општествена одговорност за 2015-та година, при што компанијата го искористи објавувањето на Извештајот како повод да ги покани сите засегнати страни да дадат свој придонес со предлози за дополнително унапредување на општествено-одговорнте активности на Цементарница УСЈЕ во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Покрај претставувањето на Извештајот и конструктивната дискусија, компанијата организираше и обиколка на Цементарница УСЈЕ за сите учесници на Форумот, при што ги запозна производствениот процес и новините имплементирани во текот на изминатиот период.Документот ги содржи сите активности на Цементарница УСЈЕ спроведени според десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) во областите на работничките и човековите права, унапредувањето на животната средина, антикорупциското делување и корпративното управување и лидерство. Компанијата е потписник на овој договор од 2008-та година и е промотор на вредностите на ОН во сферата на корпоративната општествена одговорност во Македонија. Ова е седми годишен Извештај за корпоративните општествено-одговорни активности на Цементарница УСЈЕ.„Нашите активности во сферата на корпоративната општествена одговорност не би го имале својот вистински смисол доколку во нив активно не учествуваат нашите партнери, општествените и невладините организации и граѓаните. Токму затоа ни е особено важно да добиеме повратна информација и квалитетни предлози како таа соработка да ја унапредуваме, бидејќи само така нашите идни активности ќе ја достигнат целта – одржлив развој на заедницата и на компанијата, како нејзин одговорен член“, рече главниот извршен директор, Борис Хрисафов, кој управува и со Одборот за корпоративна општествена одговорност на Цементарница УСЈЕ.Во извештајот, меѓудругото, се констатира дека 2015-та година помина без ниту една фатална или сериозна несреќа и дека секој од вработените посетувал 9,6 часа обука од областа безбедност и здравје при работа или вкупно 2.880 часа за вработените и дополнителни 370 часа обуки за изведувачите. Во минатата година успешно е завршена и контролата на спроведувањето на OHSAS 18001:2007 системот.Покрај другите активности во сферата на заштитата на животната средина, Цементарница УСЈЕ во 2015-та година, во соработка со Факултетот за природни и технички науки од Штип, подготви Студија за дополнително намалување на бучавата во близина на компанијата, која и дотогаш беше под пропишаните дозволени граници согласно со националното законодавство. Во текот на минатата година поставени се придушувачи на вентилаторите, заменети се малите аксијални дувалки со нови, поставени се 10 придушувачи во погонот за суровинско брашно. И во 2015-та година Цементарница УСЈЕ се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата земја“ и кон националната акција „Ден на дрвото“. Со цел подигнување на свеста за важноста на квалитетот на градежните материјали, УСЈЕ организираше Панел со засегнатите страни – стручна конференција под наслов „Влијанијата на градежните материјали врз квалитетот на градбата“. Како членка на локалната мрежа на Глобалниот договор на ОН, компанијата продолжи со активности за развој на локално партнерство, како што се „Развиваме вештини за полесно вработување“, „Партнерство со училиштата“, поддршка на децата со посебни потреби, колаборативни и многу други активности во кои во 2015-та година се обезбедени 175.000 евра.Цементарница УСЈЕ  минатата година учествуваше на панел-дискусијата за заклучоците од Самитот на ОН за климатските промени во Париз, а во 9 основни училишта спроведена е програма во форма на предавања за подигнување на свеста кај младите луѓе во врска со климатските промени.Со средства на компанијата имплементирани се подобрувања на енергетската ефикасност во две училишта. Во текот на годината повеќе од 130 ученици добија практична обука во фабриката, над 120 други ученици ја посетија компанијата, 46 студенти – деца на вработени на УСЈЕ добија стипендии, а 3 студенти добија стипендии за постдипломски студии.Вработени од компанијата учествуваа во иницијативата „Ајде Македонија“ и во националната кампања „Македонија без отпад“, а вработените, заедно со компанијата, доброволно донираа и помош за населението погодено од поплавите во Скопје.

Од март  2015 година, вработените на УСЈЕ започнаа акција „На работа без автомобил“, секоја среда доаѓајќи на работа со алтернативен превоз или пеш. Вработени кои сепак тие денови мораат да го употреба својот автомобил, доброволно донираат средства, од кои во 2015-та година беше набавен спирометар за Детската болница за респираторни болести – Козле.Во 2015 година Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја доби Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во категоријата Животна средина за проектот “Намалување на емисиите на NOx”./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

Објавено пред

· Дигитална сцена: панорамскиот дисплеј вклучува 11,9-инчен виртуелен кокпит на Audi, 12,8-инчен MMI екран на допир и head-up дисплеј.

dobivaj vesti na viber

· Импресивно аудио искуство: со дванаесет звучници со високи перформанси и 420 вати моќност на засилувачот, премиум звучниот систем SONOS нуди импресивно, виртуелно искуство.

· Прилагодена шема на бои: осветлените внатрешни панели на вратите со избор од 30 бои, создаваат емоционално привлечна атмосфера.

Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето.

Чисти линии, интуитивно работење и паметна технологија се комбинирани во новиот Audi Q3. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата. Едноставниот дизајн и распоредот фокусиран на корисникот, држачите за чаши и покриената фиока за полнење ја одразуваат филозофијата на Audi за „визуелна јасност“. Во срцето на сè е дигиталната сцена: панорамскиот дисплеј – со 11,9-инчниот Audi Virtual cockpit plus и 12,8-инчниот MMI екран на допир – има заоблен дизајн ориентиран кон возачот. Тој е надополнет со опционален head-up дисплеј кој проектира важни информации директно во видното поле на возачот. Рамните рачки на вратите, внимателно комбинираните материјали со меки површини на допир и хромираните детали на прекинувачите го нагласуваат визуелниот шарм на возилото, неговиот квалитет и целокупната удобност.

Повеќе простор благодарение на паметните контроли

Новата контролна единица на воланот со две рачки на управувачкиот столб резултираше со повеќе простор за складирање во централната конзола, ново корисничко искуство и чувство на поголем простор. Со рачката од десно се избира брзината, додека онаа од лево ги контролира функциите за осветлување и функциите за чистење на шофершајбната. Елиминирањето на менувачот од централната конзола ослободува дополнителен простор. Просторот се користи за два држачи за чаши и голем простор за складирање под централниот потпирач за раце што се прилагодува по висина. Ладената индуктивна фиока со моќност за полнење од 15 вати, вклучувајќи два USB-C порти, може да се затвори со лизгачки капак по желба. Два дополнителни USB-C порти се наоѓаат на задниот дел.

Светлосните ефекти создаваат атмосфера

Кога ќе се стемни, различни пакети за осветлување (пакет за амбиентално осветлување plus/pro) го создаваат расположението во внатрешноста. Маркерите на контролната табла и централната конзола ги нагласуваат чистите линии на ентериерот. Јохен Штумпф, развивач на системи за внатрешно осветлување, објаснува: „Тука работевме со светлосни водичи, LED модули и дифузери. Светлосните водичи ја транспортираат светлината, а дифузерот ја распрснува така што таа се појавува како деликатна лента во конзолата.“ Индиректното амбиентално осветлување под панорамскиот MMI дисплеј на и во вратите дополнително ја нагласува внатрешната архитектура. Како нов елемент на дизајнот, предните врати сега се опционално достапни со осветлување со голема површина. Штумпф додава: „За да се постигне овој ефект, над 300 исечоци во облик на дијамант со различна големина се ласерски исечени во панелот од ткаенина. Извор на светлина во облогата на вратите ги осветлува сегментите кои, поради нивните различни големини, покажуваат динамична прогресија на осветлувањето – дури и при отклучување и заклучување на Q3.“ Купувачите можат да изберат помеѓу 30 различни бои, овозможувајќи персонализирано искуство со осветлување.

Виртуелно генериран звук

Опционалниот SONOS премиум звучен систем обезбедува импресивно аудио искуство со виртуелно генериран звук. Дванаесет звучници со високи перформанси, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, испорачуваат моќен звук со максимален излез на засилувачот од 420 вати. Фолкер Земан од маркетингот на производи објаснува: „Целната употреба на звучни рефлексии создава ефект на звук кој те опкружува што го интензивира просторното восприемање на звукот. Благодарение на интелигентната обработка на сигналот, секој што седи во возилото може да ужива во искуство со слушање прилагодено на неговото индивидуално седиште.“

Достапни се четири конфигурирани звучни профили (неутрален, концертен, салон и подкаст), плус прилагодлив звучен профил. Купувачите исто така имаат можност да го подобрат своето звучно искуство со функции што можат да се додадат во секое време преку Функции на барање (FoD). Пакетот со звучни функции го дополнува избраниот звучен систем со три дополнителни функции. Интензификацијата на басот создава попрецизно и помоќно искуство со бас. Автоматското прилагодување на нивото одржува постојана јачина на звук при менување на изворите, а ревитализацијата на музиката го подобрува звукот на компресираните музички датотеки.

Одржливо дизајниран ентериер

Достапни се вкупно девет пакети опрема. За дрвени апликации се користи брзорастечко, отпорно дрво. Внатрешните елементи од ткаенина Impressum се направени од 100 проценти рециклиран полиестер, како и ткаенините за тапацирање Passage, Impressum, еднобојна ткаенина и микрофибер. Сите текстилни и микрофибер навлаки за седишта се систематски дизајнирани со употреба на мономатеријали, така што подоцна можат да се рециклираат како материјали со едно потекло во циркуларната економија, со што се елиминира отпадот и драстично се намалува јаглеродниот отпечаток. Audi произведува кадифени велурни подни простирки користејќи Econyl, целосно рециклирано најлонско влакно направено од стари рибарски мрежи, остатоци од теписи и индустриски отпад. Затоа, Audi се фокусира и на идно ориентирано и ефикасно користење на ресурсите во Audi Q3.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.

Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.

Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.

Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, зголеменото производство на ОПЕК+ и американското производство на шкрилци сигнализираше презаситеност на пазарот, вршејќи долгорочен притисок врз цените. Инфлацијата и санкциите на ЕУ врз руските деривати ги зголемија трошоците, додека растот на глобалната побарувачка се намали на најниско ниво од 2009 година до денес, поттикнато од силната потрошувачка на земјите во развој, но и стагнацијата во развиените економии. На нашето работење во Република Северна Македонија, оваа динамика влијаеше на зголемување на увозните трошоци и поголема ценовна нестабилност, што наложи примена на агилни стратегии за набавка, со цел заштита на маржите.

Во вториот квартал од 2025 година, обемот на продажба достигна вкупно 294 илјади м³, што претставува пад од 3% на годишно ниво, пред сѐ поради зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. ЕБИТДА во вториот квартал од 2025 година ги надмина резултатите од претходната година за 28%, во услови на повисока продажба на домашен пазар, намалено негативно влијание од вреднувањето на залихите во споредба со истиот период лани и повисоките маржи од тргувањето со енергија. Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 167 милиони денари, што е зголемување од 14% споредено со истиот период лани.

Во првата половина од 2025 година, приходите од продажба изнесуваа 17.779 милиони денари, што претставува намалување од 21% споредено со истиот период минатата година. ЕБИТДА забележа мал раст во споредба со истиот период лани, како резултат на зголемените продажби на домашниот пазар, подобрените извозни маржи, зголемена трговија со електрична енергија со повисоки маржи, како и намаленото негативно влијание од вреднувањето на залихите (56 милиони денари).

Прилагодената ЕБИТДА достигна 305 милиони денари, што претставува раст од 19% споредено со истиот период минатата година.

Добивката пред оданочување се зголеми за 107% на 236 милиони денари.

Во согласност со своите стратешки приоритети и посветеноста на одржливиот развој, компанијата инвестираше 12 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првата половина од 2025 година. Ваквите инвестиции ги нагласуваат континуираните напори на компанијата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и забрзување на транзицијата кон почисти извори на енергија, а воедно и остварување на видливи економски придобивки.

ОКТА ја потврди својата посветеност на безбедноста на патиштата и општествената одговорност во вториот квартал од 2025 година, во согласност со нејзината Стратегија за општествена одговорност. Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, компанијата започна две кампањи за подигање на јавната свест, фокусирани на подобрувањето на безбедноста на патиштата. Понатаму, ОКТА донираше дрон опремен со напредна технологија за рано откривање пожари на Јавното претпријатие Национални шуми, зајакнувајќи ја неговата улога во спречувањето на пожари. Иницијативата беше надополнета со едукативна кампања насочена кон подигање на јавната свест за ризиците од невнимание.

Компанијата исто така продолжи да ја поддржува културата преку спонзорирање на повеќе еминентни културни настани. Во текот на вториот квартал од 2025 година, ОКТА остана силно посветена на развојот на младите преку иницијативи во кругот на компанијата, како што се програмата „Учење преку работа“, праксите и програмата за доделување на стипендии.

Обезбедувањето на сигурно и непрекинато снабдување останува врвен приоритет во денешната динамична средина. Преку континуирано следење и проактивен пристап кон управувањето, ОКТА брзо се справува со потенцијалните нарушувања. Во исто време, фокусот на автоматизација и иновации ја подобрува нејзината оперативната ефикасност и отпорност – овозможувајќи ѝ на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка, а воедно да придонесе за поширок општествен напредок и долгорочна одржливост.

Преку воведувањето на иновации и адаптабилност, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија3 часа

Јас не сум од вчера во политиката, Левицата фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија3 часа

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија4 часа

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија4 часа

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија5 часа

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија7 часа

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија7 часа

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет8 часа

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија8 часа

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија8 часа

Изгаснат тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите на „Дрисла“ и во Трубарево, активен пожарот на Кожуф

Рано утрово пред 4 часот избувна тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над „Стакларата“ на местото наречено Каменик)...

Македонија9 часа

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет9 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе јасна позиција за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија21 час

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија22 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ22 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија22 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија24 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија1 ден

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ1 ден

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...