Црна хроника
Велешанец му се заканувал на полицаец дека ќе му пука во главата

Двајца велешани омаловажувале, а потоа и физички нападнале полицајци, откако претходно биле пријавени за нарушување на јавниот ред и мир.
Во сабота во 05.45 часот во Велес на ул.„Б.Ѓорев“ кај ГТЦ пред пекарата, по претходно нарушен ЈРМ, А.М.(1988) од Велес ги омаловажувал полициските службеници кои биле на местото на настанот. По ова физички нападнал полициски службеник, го потегнал за јакната, а потоа со рака го удрил во пределот на градите. Потоа му се заканил дека ќе го извади пиштолот и ќе испука 10 куршуми во неговата глава. Од страна на полицискиот службеник бил одбиен нападот и со употреба на физичка сила захват- полуга на лева рака, А.М. бил соборен на земја, врзан со лисици и доведен во послушна состојба. При интервенцијата, А.А.(1985) од Велес, кој бил во друштво со А.М., замавнал со нога кон полицискиот службеник за да го спречи да го врзе А.М. со лисици, но од страна на други полициски службеници истиот бил спречен. Над него било употребено средство за присилба-полуга на двете раце и лисици за врзување. А.М. и А.А. се лишени од слобода и доведени во ПС ОН-Велес за понатамошна постапка. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, 25-годишната М.П. од Гевгелија пријавила дека на нејзината влезна врата тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од затвор, заедно со Л.Г.
Од пријавата произлегува дека двајцата се заканувале, а младата девојка слушнала и репетирање на огнено оружје.
Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и извршиле преглед. Во ормарот за чевли бил пронајден пиштол без рамка. При извршеното алкотестирање кај поранешниот партнер биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.