Екологија
Електромобилност предлага национална стратегија за електрични возила
Иницијативата Електромобилност Македонија предлага Македонија да направи сеопфатна среднорочна, а во натамошни фази и долгорочна државна стратегија за електрификација на транспортот.
Сметаат дека за таа цел мора да се вклучат пошироките слоеви на општеството на локално и државно ниво да работат заедно со консултативни екпертски тела, организации и институции, со соработка помеѓу сите страни. Државната стратегија за електрификација на транспортот да се надградува на секои пет години, во која ќе се постават темелите на стандардизацијата, во која ќе биде дефинирана динамика за инвестирање во државна полначка инфраструктура со државно субвенционирање до масовно ширење на електрични возила во сите рангови и on road и off road, при што ќе се планира ре-електрификација на урбаните центри со креирање мрежи во мрежи за проектирање трамвајски и/или тролејбуски системи и комплетна електрична интерконекција помеѓу урбаните средини со шински електрични возила за Македонски Железници, едукација на сите нивоа, мултидисиплинарни студии, субвенционирање на македонско производство на електрични возила и апарати за инфраструктура; подготвувани со темелна научна поддршка во секој стадиум и бројни студии. Електричните возила допираат повеќе дисциплини како урбанизација и транспорт, антропологија, урбана архитектура, напредното инженерство, итн. Според тоа, гледајќи кон културата како целина, со директна вклученост на едукативните и факултетските автономни зони. Електромобилноста силно ја промовира науката, но двигателот не се електричните возила сами по себе, туку, се работи за трансформација на урбаните средини во целина со посебни аспекти за трансформирањето на урбаната архитектура и промена на архитектонскиот пејзаж на градовите, на доста места радикално различен од тоа што го сведочиме денес.Целта на иницијативата е и државно субвенционирање до масовно ширење на електромобилите во сите рангови и развој на електромобилноста, од граѓаните за граѓаните, кое ќе биде спроведено од страна на идните влади на Република Македонија при набавка на електрични и приклучни хибридни возила како и при преработка на возила со внатрешно согорување во електрични возила со максимален износ до 30% од нивната вредност за граѓани и правни лица. Фондот кој ќе биде издвоен за таа намена може да се полни од повеќе страни, вклучително и пред сѐ од зелена такса која ќе ја плаќаат возилата кои не се според ЕУР стандарди, имено, ЕУР 1, ЕУР 2, ЕУР 3, и тоа во висина од едногодишна регистрација по возило, која ќе се наплаќа еднаш годишно при регистрација. Зелена такса не е ограничена на транспортот, туку оди и кон индустријата и домаќинствата, но тоа, велат, не е нивни домен. „Предлагаме истражувања и развој во електромоторни погони, електронски компоненети и софистицирана електроника, технологија на батерии, информатичка поддршка во истата смисла како и сите други технологии вградени во електромобилите од механички делови до карбонски финиширања. Предлагаме да се овозможи фондовско финансирање на пилот проекти за градба на електромобили и апарати за електрични возила и да се стимулира нивното купување.Предлагаме субевенционирање на 5.000 електрични возила од повеќе категории, од кои што 4.750 електрични, а 250 хибридни. Физичките лица да може да искористат субвенција за набавка на едно возило кое мора да го користат најмалку три години, додека пак правните субјекти може да искористат субвенциониран износ до 80.000 еур за набавка на возила при што истите мора да ги задржат во сопственост најмалку пет години.За лесни електрични возила како електрични инвалидски колички, електрични велосипеди, електрични скутери, електрични мопеди како и сетови за преработка на лесни електрични возила, предлагаме субвенционирање преку општините од 250 до 350 евра.Физичките лица да може да искористат субвенција за набавка на едно лесно електрично возило кое мора да го користат најмалку три години, додека пак правните субјекти може да искористат субвенциониран износ до десет возила при што истите мора да ги задржат во сопственост пет години. За граѓаните кои ќе ги користат субвенционираните лесни електрични возила како нивна сопственост и после третата година, предлагаат субвенционирање на втор батериски пакет во износ од половина од вредноста во моментот на набавка. Субвенционирање 5.000 полначи за приватни лица до висина од 1 до 5 отсто од вредноста на возилото според скала која дополнително ќе се развие.Низ градските булевари во иднина да можат да бидат регистрирани исклучиво електрични автобуси, со постепен прекин од употреба на сите автобуси со мотори за внатрешно согорување. Комплетна замена на сите автобуси во ЈСП; комплетна замена на 302 даблдекери со 400 електрични нископодни автобуси поддржани со соодветна полначка инфраструктура за брзо полнење.Категоризацијата да важи и за off road возила според соодветната кубикажа по аналогија од категориите во листата. Преработката на off road електрични возила да биде стимулирана на ист начин како и за автомобили. Европските фондови со кои се стимулира купување на off road возила да се користат исклучиво за набавка на електрични возила. Електричните возила во сите други отворени, но особено во затворени простории, хали, дистрибутивни магацини, аеродромски згради, дисконти и молови исто така да бидат вклучени во категориите.Предлагаат забрана за возење на возила со мотори за внатрешно согорување во централните подрачја на сите градови низ Македонија кои ќе бидат пешачки и вело зони, во кои ќе можат да поминуваат дистрибутивни електрични возила. Бараме бесплатни патарини, бесплатни паркизни на сите паркинзи во државата, бесплатна регистрација на електрични возила за првиот бран електрични возила.На овој начин се очекува да се добие позитивен тренд кон зголемување на бројот на електрични возила по улиците и автопатиштата на Република Македонија што дополнително ќе допринесе кон намалување на загадувањето и бучавата во поголемите населени места како и намалување на употребата на фосилни горива. Воедно ваквиот тренд и изградената инфраструктура од полначи низ државата ќе допринесе електричните возила од Европските држави полесно да ја посетат Република Македонија и да транзитираат низ неа./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Екологија
Час за планетата Земја: Исклучете ги светлата точно во 20.30 часот
Во рамките на кампањата „Часот на планетата Земја“ ширум светот, од 20:30 до 21:30 часот ќе биде исклучено светлото, јавното и украсното осветлување на еден час. Ова е една од најголемите планетарни иницијативи за зачувување на природата и животната средина, која е поддржана од 190 земји.
Акцијата „Час на планетата“ започна во Сиднеј во 2007 година и секоја година добиваше се поголема поддршка низ светот. Еден час се исклучува јавното осветлување каде што е можно, украсното осветлување, се гасат светилките во компаниите, како и во домаќинствата.
Се проценува дека во тој час светот заштедува од 10 до 12 проценти од електричната енергија. Акцијата повикува на рационална потрошувачка на енергија, но целта на вклучувањето во акција е многу поширока. Пораката е да се сврти вниманието кон потрошувачката на природните ресурси.
Од Светската организација за природа истакнуваат дека и годинава нема многу отстапување од минатогодишниот концепт. Светската организација за заштита на природата располага со податоци за состојбата со природните ресурси, флората и фауната. А тие податоци се загрижувачки. Природните ресурси што планетата ги обновува за да ги користиме за период од една година, ние ги трошиме уште во првата половина од годината.
За тоа сведочи нашиот пристап кон природата, девастацијата на шумите, трошењето вода, сето тоа за да ја претвориме земјата во земјоделско земјиште и да добиеме храна. Потоа фрламе околу 40 отсто од храната произведена во светот.
Решенијата се во човекот и треба да почнеме да размислуваме за тоа дека оваа планета треба да им ја оставиме на генерациите што доаѓаат и да се однесуваме поодговорно. Да почнеме да размислуваме дека не сме единствените на планетата, е пораката на оваа глобална акција.
Екологија
Јапонија воведува билети за искачување на планината Фуџи
Почнувајќи од ова лето, посетителите на планината Фуџи ќе треба да платат за да пешачат една од маршрутите нагоре по познатата планина.
Јапонската влада одлучи да воведе нови ограничувања за посетителите на една од нејзините главни атракции во обид да го заштити местото од прекумерен туризам.
Планината Фуџи доживеа бум во бројот на посетители, што со себе донесе загриженост за прекумерното количество фрлено ѓубре и загрозената безбедност на планинарите. За да помогнат во чистењето на планината и зачувување на нејзината животна средина, јапонските власти воведоа такса и дневна капа за посетителите долж најпопуларната патека.
Почнувајќи од ова лето, поточно на 1 јули 2024 година, посетителите на планината Фуџи ќе мора да платат за да пешачат една од маршрутите долж познатата планина. Патеката Јошида е најпопуларното искачување поради неговиот лесен пристап од Токио и зачестеноста на планинските колиби на патот кои нудат сместување и оброци.
Јапонската префектурална влада Јаманаши, која ги надгледува планинарските активности на светското наследство на УНЕСКО, сметаше дека е неопходно да воведе патарина за заштита на животната средина. Исто така, со цел да се намали гужвата, ќе се применува дневен лимит на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се искачуваат на планината преку патеката Јошида.
Ќе бидат дозволени 4.000 планинари дневно. 70 дена во годината, колку трае летната сезона на качување. Дополнително, забрането ќе биде искачувањето на планината во периодот од 16:00 до 02:00 часот.
Според извештаите од јапонската влада, патеката Јошида минатата година забележала „невиден број“ планинари, а сличен број се очекува и оваа година. Во 2023 година вкупно 221.322 планинари се искачиле на планината Фуџи, а повеќе од половина одлучиле да го користат самата патека.Јошида.
Зголемувањето на бројот на посетители доведе до таложење на фрлено ѓубре покрај патеката, како и до сообраќаен метеж што резултираше со несреќи и повреди. Исто така, постои загриженост за неискусните планинари кои се обидуваат да ја поминат патеката и се наоѓаат во тешкотии во близина на врвот каде што има помалку капацитети.
Официјалните лица се уште не откриваат колкава ќе биде таксата, но велат дека сумата ќе биде објавена наскоро. Планот е да се постави капија на влезот на патеката Јошида каде ќе се наплаќаат патарини. Властите велат дека приходите ќе бидат искористени за изградба на засолништа долж патеката за употреба во случај на вулканска ерупција и за одржување на патеката за пешачење.
Од 2014 година, планинарите кои се искачуваат на планината Фуџи преку која било од нејзините рути се охрабруваат доброволно да платат 1.000 јуани (6,2 евра) по лице за да го зачуваат местото.
Оваа популарна рута започнува на петтата станица на Фуџи Субару, обезбедувајќи пристапен почеток на авантурата. Патувањето до врвот на планината обично трае помеѓу пет и седум часа и се протега на околу шест километри, што ја прави оваа патека совршена за оние кои бараат предизвик, но и достапна за широк спектар на планинари.
Искачувањето до планината Фуџи е особено магично поради можноста да се доживее изгрејсонцето од врвот, што многумина го сметаат за врв на нивната посета. По должината на патеката, планинарите можат да се восхитуваат на бројни светилишта и симболи на јапонската култура, уживајќи во комбинацијата на природни чуда и културно наследство. Глетките од планината се спектакуларни, особено погледот кон кратерот и околните пејзажи.
По исцрпувачкото, но задоволувачко искачување, планинарите често се релаксираат во локалните ресторани каде што можат да пробаат традиционални јапонски јадења, како и термални бањи кои се совршени за обновување на мускулите. Пешачењето на планината Фуџи преку патеката Јошида е искуство кое комбинира физички предизвик, духовно збогатување и интимно искуство со природата, оставајќи траен впечаток на секој што ќе се осмели да се впушти во оваа авантура.
Екологија
Инфлуенсери копаат по контејнери и го продаваат пронајденото
Иако за многу луѓе ширум светот копањето по контејнери е единствениот начин да преживеат, се чини дека на социјалните мрежи се појави нов феномен каде што се поголем број на инфлуенсери „копаат“ во контејнери – а тоа е тренд познат како „дампсер дајвинг“ (нуркање на контејнери).
Овој тренд се однесува на луѓе, главно инфлуенсери кои откако ќе „копаат“ низ контејнерите, покажуваат што пронашле во нив – од козметика до дизајнерски работи.
На социјалната мрежа ТикТок има голем број видеа во кои корисниците влегуваат во контејнери зад големи продавници во потрага по употребливи предмети. И хаштагот #DumpsterDiving има повеќе од 4,4 милијарди прегледи на ТикТок, што дополнително ја потврдува неговата популарност.
Иако поголемиот дел од таквите инфлуенсери денес живеат со препродажба на овие артикли, тие дури ја подигнуваат свеста за непотребното создавање отпад, бидејќи различните малопродажни корпорации секојдневно уништуваат стотици илјади употребливи производи.
Тифани Шири, ТикТокерка од Тексас од Америка, има три милиони следбеници на кои им ги покажува своите пребарувања по работи во контејнерите зад американските продавници за малопродажба. Почнала да „нурка во контејнер“ на крајот на 2017 година, а токму тогаш пронашла шминка и разни производи вредни 1.200 долари. Набрзо сфатила дека ваквото хоби може да ѝ донесе огромен профит – а останатото е историја. Таа моментално со овој тренд заработува и до 1.000 долари неделно, а благодарение на препродажбата на пронајдените производи, Тифани живее удобен живот.
Солти Стела е уште една ТикТокерка, која моментално има повеќе од 1,2 милиони следбеници. Живее и од препродажба на предмети од контејнери, но многу е лута што ја фрла употребливата храна. Од сокови, грицки, супи, тестенини и газирани пијалоци, често сите во еден контејнер.
Ана Сакс, Тиктокерка од Њујорк, која има повеќе од 400.000 следбеници, на платформата е позната како „Трешвокер“. Таа често споделува видеа од фрлени производи што ги наоѓа, а често наоѓа дизајнерски чанти, скапи палта, фотоапарати и козметика за жени.
Таа често привлекува внимание на отпадот во нејзиниот град и им предлага на сите на интернет да донираат или рециклираат стоки наместо да ги фрлаат. Таа повика и на создавање закон со кој продавниците ќе се обврзат да не ги фрлаат средствата за хигиена, туку да ги донираат во прифатилишта за бездомници.
Трендот „Dampster diving“ е легален во Америка, па затоа е одржлива практика која не само што заработува пари, туку и го намалува отпадот. Со споделување на нивните искуства поврзани со овој тренд, инфлуенсерите ги инспирираат другите да размислуваат за влијанието на нивната потрошувачка и навики врз животната средина.
Сепак, важно е да се напомене дека „Dampster diving“ не е решение за горливиот проблем со отпадот.