Македонија
Мултиетнички младински претприемачки камп во Охрид
Претприемачите, граѓанските организации и општините заедно ги градат претприемачките капацитети во Охрид каде почна вториот мултиетнички младински претприемачки камп.
Кампот се одржува од среда до петок, во хотел „Пела“ во Охрид, како дел од активностите на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.Организатор е проектниот партнер Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. Ова е втор од серијата три мултиетнички младински претприемачки кампови. Целта на кампот е да придонесе кон зголемување на знаењето и развој на вештините на околу 50 учесници, од кои најголем дел млади претприемачи, да раководат со сопствен бизнис и да остварат успешен развој преку воспоставување на стратешки партнерства со претставници на граѓански организации и општините.Учеството на кампот е бесплатно. Програмата на кампот опфаќа теми за развој на претприемачки капацитети и теми за градење на капацитети за застапување и лобирање.Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ има главна цел да придонесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност преку зголемување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачи од различни етнички групи.Проектот е имплементиран од партнерските организации Фондација претприемачки сервис за млади, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум, а е финансиран од Европската унија.
Во рамките на проектот беше изработена и мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво. Во истражувањето беа вклучени повеќе од 100 млади претприемачи од различни етнички заедници. Студијата за првпат промовира истражување на различни претприемачки аспекти на национално ниво, со посебен акцент на меѓуетничките тенденции и ставови./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

